Копчиња за брзи команди на тастатурата што „го олеснуваат животот“

29.01.2016 11:55

Во продолжение ви донесуваме трикови кои можете да ги користите на интернет пребарувачите, ЈуТјуб, Ексел и во други програми.

На социјалната мрежа Редит е покрената дебата за компјутерски трикови и за копчиња за побрзи команди, кои секој треба да ги знае бидејќи многу го олеснуваат користењето на компјутерот.

Во продолжение ви донесуваме трикови кои можете да ги користите на интернет пребарувачите, ЈуТјуб, Ексел и во други програми.

1. Табот што случајно сте го затвориле, повторно можете да го отворите со притискање на копчињата „Ctrl‟, „Shift“ и „Т“.

2. Ако ви треба „screenshot‟ на одреден дел од екранот одете на „Start“ и одберете го „Shipping Tool“.

3. Линк на кој било интернет пребарувач можете да отворите така што ќе кликнете на средното копче на глувчето.

4. Притиснете и држете го копчето „Ctrl“, а потоа саканата датотека можете да ја префрлите во кој било фолдер за да ја ископирате.

5. Видеата на Јутјуб можете да ги паузирате со стискање на буквата „К,“ а со пртискање на копчето „L“ снимката ќе се премота нанапред за 10 секунди.

6. Некои Кеш страници можете да ги избришете со притискање на копчињата „Ctrl“, „Shift“ и „R“. Овој потег воедно ќе ја освежи страницата.

7. Компјутерот брзо можете да го заклучите со притискање на „Windows“ и буквата „L“.