ПРАВИЛНИК за начинот на бодирање и вршење на избор на членови на листа од која се избираат членови на комисијата за избор по конкурсот за создавање на нови композиции

29.01.2016 16:37

 

 

ЈРП  МАКЕДОНСКА  РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

                                                                       

 

ПРАВИЛНИК

ЗА НАЧИНОТ НА БОДИРАЊЕ И ВРШЕЊЕ

НА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА ЛИСТА  ОД КОЈА СЕ ИЗБИРААТ

ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР ПО КОНКУРСОТ

ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НОВИ КОМПОЗИЦИИ

 

 

 

 

Скопје, Март 2014

 

 

Врз основа на член 46 став 1 алинеја 9 и 11 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија, а во врска со  член 15 став 7 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција („Службен весник на Република Македонија“ бр.119/13), Управниот одбор на ЈРП МРТ на 56-та седница одржана на 04.03.2014 година,  донесе:

 

 

 

ПРАВИЛНИК

ЗА НАЧИНОТ НА БОДИРАЊЕ И ВРШЕЊЕ

НА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА ЛИСТА  ОД КОЈА СЕ ИЗБИРААТ

ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР ПО КОНКУРСОТ

ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НОВИ КОМПОЗИЦИИ

 

 

Член 1

Со овој Правилник се пропишува начинот на бодирање и вршењето на избор на членови на листата  од која се избираат членови на комисија која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот за создавање на нови композиции, а согласно со Законот за поддршка на домашната музичка продукција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 119/13).

 

Член 2

За членови на листата, може да бидат избрани автори, изведувачи, продуценти на аудиозаписи, односно продуценти на видеозаписи и музички уредници во радиодифузни организации кои ги исполнуваат следниве критериуми:

а) автори - да има создадено како автор на музика, односно автор на текст, односно автор на аранжман најмалку 20 композиции, односно текстови, односно аранжмани;

б) изведувачи - да има издадено најмалку десет сингла;

в) продуценти на аудиозапис,  односно за продуценти на видеозапис - да има продуцирано најмалку два албума, односно продуцирано најмалку 20 видеозаписи,  и

г) музички уредници -да има работно искуство како музички уредник во радиодифузна организација од најмалку пет години.

 

Член 3

(1) Авторот кој го исполнил критериумот утврден во членот 2 став 1 точка а) од овој Правилник, за секоја наредна  композиција, односно текст, односно аранжман, добива по еден бод.

(2) Изведувачот кој го исполнил критериумот утврден во членот 2 став 1 точка б) од овој Правилник, за секои нареден сингл  добива по еден бод.

(3) Продуцентот на аудиозапис,  односно продуцентот на видеозапис кој го исполнил критериумот утврден во членот 2 став 1 точка в) од овој Правилник, за секој нареден албум, односно за секој нареден  видеозапис добива по еден бод.

(4) Музичкиот уредник кој го исполнил критериумот утврден во членот 2 став 1 точка г) од овој Правилник, за секоја наредна година работно искуство добива по еден бод.

 

Член 4

(1)Кандидатите за членови на листата се избираат по принцип на бодирање и предност има кандидатот кој остварил поголем број на бодови од пријавените кандидати од соодветната категорија.

(2)Во случај на освоени ист број бодови од одделни кандидати предност имаат кандидатите со поголем број на награди и признанија.

 

Член 5

Бодирањето согласно критериумите и мерилата предвидени со овој Правилник го врши Комисијата именувана од Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска РадиоТелевизија.

 

Член 6

По завршувањето на бодирањето, Директорот на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска РадиоТелевизија  со решение ја утврдува листата од 50 (педесет) лица, автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис, односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации, од која листа по случаен избор (лотариски систем), се избираат членовите на комисијата која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот за создавање на  нови композиции, согласно со член 16 од Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

 

 

Член 7

Овој Правилник стапува со денот на објавувањето на огласна табла на ЈРП МРТ.

 

Управен Одбор на ЈП МРТ

Претседател

Дарко Стефановски