ПРАВИЛНИК за внатрешна организација на ЈП Македонска Радиотелевизија

29.01.2016 16:44

 

 

 

ЈП  Македонска радиотелевизија

П Р А В И Л Н И К

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

на Јавниот радиодифузен сервис

             ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА

 

Скопје, Јули 2012

 

 

                           

Врз основа на  член 138 од Законот за радиодифузна дејност (Сл весник на РМ бр.100/2005, 19/2007, 103/2008, 6/2010, 145/2010 и 13/2012) и член 46 став 1 алинеа 9 од Статутот на ЈП МРТ, Управниот одбор на ЈП Македонска радиотелевизија, на 25-та седница одржана на  17.07. 2012 година, донесе

 

 

 

П Р А В И Л Н И К

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ РАДИОДИФУЗЕН СЕРВИС

ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА

 

 

I   ОПШТИ ОДРЕДБИ 

 

Член 1

 

Со овој правилник се утврдува внатрешната организација на јавниот радиодифузен сервис "ЈП Македонска радиотелевизија" (во понатамошниот текст - МРТ) делокругот на работа и начинот на раководење.

 

Член 2

 

Со Правилникот за внатрешна организација се утврдуваат основи за:

-                рационална организација на работењето и работните процеси во МРТ,

-                проектна и со цел организација на работење,

-                утврдување потребен број работници за реализација на годишни програмско- продукциски планови,

-                стручно образование на работниците во согласност со новите технологии и новите потреби на организираност на работниот процес,

-                вреднување на сложеноста на работата на поединечни  работни места,

-                формирање места на трошоци, места врз основа на утврдена макро и микро организациски шеми и следење на потрошените програмско-продукциски средства и трошоци на работа.

 

 

II  ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

 

ОРГАНИЗАЦИСКИ НИВОА

 

Член 3

 

Внатрешната организациона структура на МРТ се состои од следните организациони нивоа  и називи на поединечни делови во процесот на организирање на работата.

Со вертикална поделба на организационата структура, утврдени се хиерархиски авторитети, комуникации и должности на позициите на организационите нивоа.

 

 

ПРВО НИВО

 

Член 4

 

МРТ е единствена програмска, економска, технолошка, работна и организациска целина, која извршува дејност на производство и емитување радиски и телевизиски програми од јавен интерес за граѓаните на Република Македонија, утврдени со Законот за радиодифузна дејност .

 

РАБОТОВОДНИОТ ОРГАН НА МРТ, во согласност со Законот за радиодифузна дејност, Статутот на ЈП МРТ, овој Правилник и други акти, го организира и раководи со процесот на работа на МРТ.

 

 

МРТ ја сочинуваат две програмски единици, една единица за музичка продукција и две стручно административни единици.

 

МАКЕДОНСКО РАДИО

 

МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА

 

МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА

 

ЗАЕДНИЧКИ ФУНКЦИИ

 

 

На ниво на Работоводен орган се организира Сектор за подршка на работата на  Работоводен орган со три одделенија и тоа:

 

  • Одделение за корпоративно управување и развој;
  • Одделение за меѓународна соработка
  • Одделение за подршка на Работоводниот орган на МРТ.

 

На ниво на Работоводниот орган на МРТ се организира Одделение за внатрешна ревизија и Одделение за заштита, безбедност и здравје при работа.

 

 

ВТОРО  НИВО

 

Член 5

 

Програмскиот сервис е програмски, работно и функционално заокружена организациска целина во која се извршуваат меѓусебно поврзани и зависни работи, кои обезбедуваат реализација на програмата и други функции утврдени со Законот за радиодифузна дејност.

 

Програмски сервис е уредувачко - програмска единица, во состав на Македонско РА и Македонска ТВ, во која се обединуваат заокружени делови на програмските подрачја, како што се програми и редакции.

 

МРТ има:

-                Прв програмски сервис на Македонски јазик - МРА

 

-                Втор програмски сервис на Македонски јазик - МРА

 

-                Трет програмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од Македонскиот јазик и на другите немнозински заедници - МРА

 

-                Радио програмски сервис кој се емитува преку сателит наменет за информирање на иселениците и граѓаните на  Република Македонија кои живеат во Европа и другите континенти, на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20%  од граѓаните кој е различен од македонскиот и на другите  немнозински заедници.

 

-       Посебни Радио програми наменети за соседните земји, за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот и на другите немнозински заедници.(Радио програмски сервис преку сателит и посебни Радио програми – Радио Македонија).

 

-                Прв програмски сервис на Македонски јазик - МТВ

 

-                Втор програмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници - МТВ

 

-                Телевизиски програмски сервис кој се емитува преку сателит наменет за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и другите континенти, на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот и на другите немнозински заедници (во натамошниот текст Сателитски сервис МТВ1 и Сателитски сервис МТВ2)

 

-                Собраниски сервис

 

    Со Програмските сервиси раководат  одговорни уредници.

 

Член 6

 

Сектор е работно и функционално заокружена целина во која се извршуваат работи на одредени стручни подрачја или работни процеси.

Секторот може да го сочинуваат две или повеќе одделенија. МРТ има 7 сектори. Со секој Сектор раководи Раководител на секторот.

 

 

ТРЕТО НИВО

Член 7

 

Програмата е целина во состав на програмските сервиси, кои обезбедуваат реализација на програма на одредени видови или тематики согласно Законот за радиодифузна дејност.

Програмата може да ја сочинуваат повеќе редакции.

 

За потребите на Прв, Втор, Трет и Сателитски програмски сервис во Македонско радио, организирана е РА продукција (а во нејзиниот состав се организирани одделенија) и програмски служби.

 

За потребите на Прв, Втор, Сателитски МТВ1 и Сателитски МТВ2 и Собраниски програмски сервис во Македонска телевизија се организирани сектори за ТВ продукција и ТВ техника (а во нивниот состав се организирани одделенија) и програмски служби.

 

 

 

 

 ЧЕТВРТО НИВО

Член 8

 

Редакција е програмска целина која обезбедува реализација на одредени видови емисии со тематски подрачја. Редакцијата, во својот состав, може да има повеќе емисии, рубрики - тематски подрачја.

 

Член 9

 

Одделение е дел на Секторот во кое се извршуваат претежно исти или слични работи.

 

 

ПЕТТО НИВО

Член 10

 

Работно место е основно ниво на процесот на работа чија содржина е одредена со целина на работните задачи. Прецизно сите работни места се опишани во Правилникот за систематизација на работни места во Јавниот радиодифузен сервис ЈП МРТ.

 

 

 ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕДИНИЦИ НА НИВО НА РАБОТОВОДЕН ОРГАН

 

Член 11

 

На ниво на Работоводен орган се организира Сектор за подршка на работата на Работоводниот орган на МРТ.

Во Секторот за подршка на работата на Работоводниот орган се извршуваат сите работи во врска со соработка со органите на МРТ и надлежните државни органи и организации. Секторот се грижи за создавање услови за извршување на задачите од делокругот на работењето на извршниот директор, соработката со заменик извршниот директор и координирање и усогласување на работата со одговорните уредници на програмските сервиси на МРТ, Директорот на музичка продукција, Директорот на Заеднички функции и администрација и другите вработени во МРТ. Во Секторот се организираат и активностите  во врска со учеството на МРТ во работата на органите и постојните тела на ЕБУ, размена на програми со странство, учество во склучување на протоколи и билатерални договори за соработка, како и други стручни административни и општи работи во врска со организирњето на работата на Работоводниот орган на МРТ.

Секторот за подршка на работата на Работоводниот орган на МРТ работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

  • Одделение за корпоративно управување и развој;
  • Одделение за остварување на меѓународна соработка на РО на МРТ
  • Одделение за подршка на Работоводниот орган на МРТ.

 

Одделението за корпоративно управување и развој, извршува задачи на планирање, анализа, развој и унапредување на системот на деловна политика на МРТ.

 

Одделението за остварување на меѓународна соработка на Работоводниот орган на МРТ извршува задачи во врска со учество на МРТ во работата на органите и постојните тела на ЕБУ, соработка со радиодифузни и други организации и следење на реализацијата на програми, односно претставување на продукцијата на МРТ во странство, размена на програми со странство, координирање на одделни работи во деловите на МРТ во односите со странство, учество во склучување на протоколи и билатерални договори за соработка, извршување организационо-протоколарни и административно-стручни работи во врска со организирањето мегународни состаноци и официјални посети на странски претставници во МРТ.                                    

Одделението за подршка на Работоводниот орган на МРТ,  ги врши стручните и административните работи за потребите на Работоводниот орган на МРТ, се грижи за организирањето на работните средби на Работоводниот орган на МРТ во и надвор од МРТ; по налог на Извршниот директор и Заменикот извршен директор подготвува материјали, белешки и информации за потребите на Извршниот директор и Заменикот на Извршниот директор; се грижи за навремено реализирање на обврските на Работоводниот орган на МРТ според заклучоците на надлежните државни органи и врши други работи  и задачи за потребите на Работоводниот орган на МРТ

На ниво на Работоводниот орган на МРТ се организира Одделение за внатрешна ревизија и Oдделение за заштита, безбедност и здравје при работа.

 

Одделението за внатрешната ревизија ги исполнува работните задачи во согласност со Законот за внатрешна ревизија во јавниот сектор.

Одделението за внатрешна ревизија по налог на Работоводниот орган, по иницијатива или барање на Управниот одбор, како и по сопствена иницијатива спроведува постапка за контрола на законитоста на работењето на одделни организациони делови, одделни работници и органи во МРТ и врши други работи и задачи по налог на Извршниот директор.

Одделението за заштита, безбедност и здравје при работа ја организира и штити безбедноста на вработените и  МРТ во вонредни услови согласно законските прописи и ги извршува работите од делокругот на безбедноста и здравје при работа.

 

 МАКЕДОНСКО РАДИО

Член 12

 

За потребите на програмските сервиси на МРА, организирани се Сектор за Радио продукција  и две одделенија:

 

o   Одделение за координација, промоција и евиденција,

o   Одделение за аудио документација и фонотека.

 

 

Одделение за координација, промоција и евиденција

Во Одделението за координација се изготвува програмска шема за сите програмски сервиси на Македонското радио; во договор со главните и одговорни уредници се реализираат сите промени во програмската шема; програмската шема се доставува секојдневно до сите сегменти од каде што се релизира Радио Програмата на Македонското Радио (фонотека, главна режија, режии на програмските студија, спикерните и дневната редакција на Македонското радио ).

За промоција на РА програмата  се изготвува емисија во која се рекламираат сите емисии што се емитуваат на програмата на Македонското радио, а емисијата се емитува во неколку термини во текот на денот.

За евиденција на програмата на Македонското Радио се врши евиденција на емитувана програма на сите програмски сервиси на Македонското Радио посебно музика, говор, изразена во минути. Исто така, се доставуваат и извештаи до ЗАМП.

Одделение за аудио документација и фонотека

Врши примање на Радио ленти и ЦД во кој се снимени емисии, преслушување на истите и правење на селекција на суштината од преслушаната содржина и внесување во основен документ. Внесување во компјутер на податокот и означување со реден компјутерски број. Предавање во фонотека на документираните материјали  и пребарување на внесените материјали за потребите на новинарите во сите програмски сервиси на Македонското Радио.  Во Фонотека се сместени сите музички материјали што се состојат од студиски ленти, грамофонски плочи и ЦД. Во зависност од што е предвидено да се емитува на програмите се подготвуваат музичките материјали и се носат во студиото за емитување на програмата.

Во Фонотека се сместени и Радио Драмите кои се емитуваат на програмата и матеијалите од аудио документацијата која се издава на новинарите за подготвување на документарни емисии. Музичките материјали од Фонотека се користат и за подготовка на ТВ емисии.

 Секторот за РА продукција, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

o   одделение за емитување програма,

o   одделение за продукција и постпродукција,

o   одделение за надворешни преноси,

o   одделение за контрола и одржување.

 

Одделението за емитување програма

Одделението има неколку технолошки сегменти поврзани во заедничка целина.

Се врши техничка реализација за емитување на четирите програмски сервиси на Македонското радио во четири различни студиско-режиски простори.

Во главната режија - мастер на радио,се врши воспоставување, преспојување и контрола на сите влезни (внатрешни аудио линии, линии од телеком, сателитски аудио сигнали) и на сите излезни (дистрибутивни линии кон терминал, кон телеком и сл.) аудио сигнали.

Во приемниот центар се снимаат и делумно обработуваат сите телефонски извештаи од дописниците, репортери од терен, соговорници потребни за програмите. Исто така се вршат и т.н. хибридни снимања - разговор меѓу новинарот и соговорникот  по телефон.

Во сегментот за администрирање се врши секојдневна  поддршка на мрежниот и dalet системот, администрирање на серверот, правење buck up на дата и аудио базата и на аудио материјалите што оделе на програмата и нивно безбедно архивирање. Импортирање, прилагодување и распоредување на сите прилози и емисии; секојдневно снимање и припремање на дневните прилози;внесување на музички материјали во базата,превземање на материјали од ФТП сервер,правење извештај за ЗАМП,администрирање на WEB streaming- от.

Одделение за продукција и постпродукција, врши подготовка на дневните прилози и прилозите за вести. Снимање, монтажа  и илустрација на сите говорни и говорно-музички емисии потребни за одложно емитување на програмските сервиси на Македонското радио. Продукција и постпродукција на документарни емисии, радио драми за деца и возрасни.Продукција и постпродукција на музика за потребите на радио или телевизија во музичките студија или на терен. Учество при реализација на преноси од музички манифестации.

Одделение за надворешни преноси, врши реализација на снимања, монтажа  и преноси од терен.Воспоставување на врски за реализација на настани што се одвиваат  на терен надвор од студијата на Македонското радио. Опслужување на тонската репортажна кола на Македонското радио.

Одделение за контрола и одржување врши превентивна контрола и одржување на системите и уредите кои се користат во студиската и преносна техника на Македонското радио. Администрирање и одржување на програмските информатички системи. Вршење на тестирање и монтажа на соодветната технологија поврзана со продукцијата и емитувањето на програмата.

Член 13

ПРВ ПРОГРАМСКИ СЕРВИС НА МРА

Подготвува, произведува и емитува информативни, културни, образовно-научни, документарни, детски, спортски, забавни и програми за млади на македонски јазик, во согласност со утврдена програмска политика со Законот за радиодифузна дејност.

Првиот програмски сервис на македонски јазик на МРА работите од својот делокруг ги врши преку следниве организациони единици:

 

o   одделение за продуценти

o   одделение за јазик

 

Одделението за продуценти, Организаторите во договор со водителите на емисиите учествуваат во реализацијата на емисиите, контакти со слушатели во отворените програмски појаси, договор со учесниците во емисијата, проверка и подготовка на студиото за емитување, изработка на работен план за користење студија и теренска техника, патни налози за патување, координација со активностите (преноси и реализирање емисии) со МТВ, изработка на планови за дежурства во редакциите, изработка на неделни планови и извештаи, документирање на емисии.

 

Одделението за јазик

Подделено е во два сегмента:

       - Лектори - Според Законот за македонски јазик ова Одделение се грижи за доследно почитување на јазичните правила и конкретно внимава на лектурата на текстовите на новинарите, врши редактура и често особено кога станува збор за преведување на странски претставници и јазична адаптација.

     -Спикери – тие презентираат вести на секој час, а учествуваат (како водители) во поголемите изданија на дневно-информативните емисии, читаат соопштенија и поголеми текстови во научните и документарните емисии, во репортажите. По потреба читаат текстови во спотови и реклами, поезија и драмски текстови.

 

 

 

 

1. ИНФОРМАТИВНА ПРОГРАМА

 

Информативната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o   дневна редакција,

o   редакција за внатрешна политика,

o   редакција за надворешна политичка.

o   редакција за утрински емисии

o   редакција за спорт

o   редакција за економија, претприемништво и менаџмент

 

 

Дневната редакција е организирана во два сегмента:

    -ДЕСК-ги подготвуваат агенциските вести и ги обработуваат информациите од интернет порталите за помалите изданија вести, го подготвуваат блокот вести од светот и вршат редактура на информациите.

    -Репортери – новинарите во овој сегмент ги покриваат дневните настани во текот на целата недела, а дел од нив се и водители на ПРВ (Пладневниот радиовесник-централна информативна емисија), поготвуваат авторски текстови, вршат редактура на информациите од дописната мрежа, вршат преноси во живо, прават преводи на информации од други јазици потребни за информативните емисии.

 

Редакцијата за внатрешна политика, врши следење на најактуелните настани, но и настаните од пошироко значење за слушателите кои немаат дневно-политичко значење, но сепак, играат голема улога во пошироката слика за државата.

 

Редакцијата за надворешна политика, врши работи и задачи на следење на најактуелните настани за меѓународната активност на нашата земја, случувања во регионот и други меѓународни настани.

 

Редакцијата за утрински емисии, преку отворени програми ги следи настаните,  снима анкети и разговори, прави прилози, репортажи и белешки за теми што не се поврзани со дневно-политичките случувања, туку се повеќе ориентирани кон културното наследство, традицијата, социјалната и здравствената заштита, образованието, религијата и заштитата на животната средина.

 

Редакцијата за спорт, следи настани од областа на спортот во земјава и во светот, прави прилози и разговори, зема изјави од спортисте и спортски работници, врши преноси, извештаи од натпревари  и прес конференции и за днено-информативните емисии и за специјализираните спортски емисии, како и подготовка и водење емисии со спортска содржина.

Редакција за економија, претприемништво и менаџмент, разработува теми што се однесуваат на активностите од областа на финансии, странски инвестиции, телекомуникации, транспорт и врски, берза, синдикалните организации, стопанските комори, земјоделството, енергетиката, надворешно трговско работење, европските економски фондови (ипард, ипа..), светските организации (Светска банка и ММФ), како и сите политики во однос на економските институции во државата и движење на светската економија.

2. КУЛТУРНА ПРОГРАМА

Културната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве организациони единици.

 

  • детско образовна редакција,
  • редакција за култура и уметност,
  • научно документарна редакција, 
  • драмска редакција,
  • редакција за ноќни емисии

 

 

Детско образовна редакција,  ја сочинуваат два сегмента:

-Детска, оваа редакција ги покрива активностите во основното образование и предучилишните установи. Новинарите подготвуваат прилози и разговори на различни теми со најмладата популација, откриваат и претставуваат таленти, водат емисии (снимени и во живо),  и ја популаризираат детската музика. Ги покриваат сите детски манифестации во земјата.

-Образовна, новинарите во овој сегмент обработуваат теми за поширок аудиториум, од ученици во средни училишта до повозрасна популација. Се изработуваат прилози, водителски емисии (снимени и во живо), трибини.

 

Редакцијата за култура и уметност, ги следи настаните од културата во земјава и во светот (изложби, промоции и други манифестации), подготвува извештаи, осврти, рецензии, разговори и интервјуа и за дневно-информативните емисии и за специјализираните емисии од областа на културата.

 

Научно – документарна редакција,  ја сочинуваат два сегмента:

 

Научна, обработува теми од областа на научните достигнувања во повеќе области од земјава и од светот. Одбележува позначајни годишнини на истакнати светски  научни творци и процеси што имале влијание врз човештвото. Во реализација на своите обврски се преведуваат текстови од повеќе светски јазици и се прилагодуваат за емитување. Следи научни конференции и собири.

 

Документарна, обработува содржини од минатото на македонскиот народ за што според законот МРТ има и обврска. Исто така, во оваа редакција се обработуваат личности, настани и процеси значајни за национално-ослободителните борби на македонскиот народ, за зачувување на идентитетот и за изградување на државноста.

 

Драмска редакција, продуцира играни проекти базирани на авторски текстови пишувани специјално за овој медиум. Радиодрамата е дел од литературното творештво кое МРА како јавен сервис има обврска да го негува. Се прилагодуваат текстови за возрасната публика, текстови наменети за деца и монодрами, како и драмски минијатури. Драмската програма учествува и како дел од други радиски проекти во кои има играни делови.

 

Редакција за ноќни емисии, подготвува ноќни програми (отворени програмски појаси од забавен карактер), поточно забавно-рекреативни емисии.

 

 

3. МУЗИЧКА ПРОГРАМА

 

Музичката програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве организациони единици.

 

o   редакција за класична музика,

o   редакција за популарна музика

 

 

Редакцијата за класична музика, следи настани од областа на класичната музика и подготвување извештаи, осврти, рецензии и разговори, како и водење преноси од музички манифестации, водителства на авторски емисии (снимени и во живо), музичка илустрација на тематски емисии (документарни и научни емисии, репортажи) и избор и селекција на музика за сите други говорни содржини.

 

Редакцијата за популарна музика, следи настани од областа на забавната и народната музика и подготвување извештаи, осврти, рецензии и разговори, како и водење преноси од музички манифестации, водителства на авторски емисии (снимени и во живо), продукција на на спотови, шпици и џинглови, музичка илустрација на тематски емисии (документарни и научни емисии, репортажи), избор и селекција на музика за сите други говорни содржини.

              

Член 14

ВТОР ПРОГРАМСКИ СЕРВИС

Вториот програмски сервис на македонски јазик подготвува, произведува и емитува, музички и контактно - забавни емисии.

 

Вториот програмски сервис на македонски јазик на МРА е организиран преку следниве организациони единици:

 

  • Музичка редакција
  • Контактно- забавна редакција

Музичката редакција, се подготовуваат музички емисии и се следат актуелните музички настани (промоции, концерти, фестивали), го следи и преставува македонското музичко творештво, новинари кои работат на т.н. плај-листи (избор на песни што се емитуваат на програма) и се грижат за комплетниот аудио дизајн на Вториот програмски сервис на МРА. Најголем дел од информациите и емисиите на Вториот програмски сервис се посветени на домашната и странска музичка сцена.

Контактно-забавна редакција – во оваа организациона единица се подготвуваат и водат емисии од забавно-информативен карактер. Во овој дел се опфатени сегментите поврзани со: театар, филм, спорт, здравје, живот, технологија, ноќна контактна емисија, квиз, викенд програма, културен информатор.

Член 15

ТРЕТ ПРОГРАМСКИ СЕРВИС НА МРА

Третиот програмски сервис на МРА на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на јазиците што ги зборуваат другите немнозински заедници подготвува, произведува и емитува информативни, културни, образовно-научни, документарни, детски, спортски, забавни и програми за млади во согласност со утврдена програмска политика според Законот за радиодифузна дејност.

 

Третиот програмски сервис на МРА, работите од својот делокруг ги врши преку следниве  организациони единици.

 

o      одделение за продуценти

o      одделение за јазик

 

Одделението за продуценти, Организаторите во договор со водителите на емисиите учествуваат во реализацијата на емисиите, контакти со слушатели во отворените програмски појаси, договор со учесниците во емисијата, проверка и подготовка на студиото за емитување, изработка на работен план за користење студија и теренска техника, патни налози за патување, координација со активностите (преноси и реализирање емисии) со МТВ, изработка на планови за дежурства во редакциите, изработка на неделни планови и извештаи, документирање на емисии, спецификација за потрошен канцелариски материјал и други трошоци.

Одделението за јазик е подделено во два сегмента:

       - Лектори - Oва oдделение се грижи за доследно почитување на јазичните правила и конкретно внимава на лектурата на текстовите на новинарите, врши редактура и често особено кога станува збор за преведување на странски претставници и јазична адаптација.

     -Спикери – вршат презентирање на вестите, учествуваат во поголемите изданија на дневно-информативните емисии, читаат соопштенија и поголеми текстови во научните и документарните емисии, во репортажите. По потреба читаат текстови во спотови и реклами, поезија и драмски текстови.

 

Трет програмски сервис на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од Македонскиот јазик и на другите немнозински заедници на МРА e организиран преку следниве организациони единици:

 

 

ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

 

1.        Информативна програма на албански јазик

 

Информативната  програма на албански јазик, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици

 

o   дневна редакција,

o   редакција за внатрешна и надворешна политика,

o   редакција за економија,претприемништво и менаџмент,

o   редакција за утрински емисии

 

Дневната редакција е организирана во два сегмента:

    -ДЕСК-ги подготвуваат агенциските вести и ги обработуваат информациите од интернет порталите за помалите изданија вести, го подготвуваат блокот вести од светот и вршат редактура на информациите.

    -Репортери – новинарите во овој сегмент ги покриваат дневните настани во текот на целата недела, а дел од нив се и водители на вестите, поготвуваат авторски текстови, вршат редактура на информациите од дописната мрежа, вршат преноси во живо, прават преводи на информации од други јазици потребни за информативните емисии.

 

Редакцијата за внатрешна и надворешна политика, врши следење на најактуелните настани, но и настаните од пошироко значење за слушателите кои немаат дневно-политичко значење, врши работи и задачи на следење на најактуелните настани за меѓународната активност на нашата земја, случувања во регионот и други меѓународни настани.

Редакција за економија, претприемништво и менаџмент, разработува теми што се однесуваат на активностите од областа на финансии, странски инвестиции, телекомуникации, транспорт и врски, берза, синдикалните организации, стопанските комори, земјоделството, енергетиката, надворешно трговско работење, европските економски фондови (ипард, ипа..), светските организации (Светска банка и ММФ), како и сите политики во однос на економските институции во државата и движење на светската економија.

Редакцијата за утрински емисии, преку отворени програми ги следи настаните,  снима анкети и разговори, прави прилози, репортажи и белешки за теми што не се поврзани со дневно-политичките случувања, туку се повеќе ориентирани кон културното наследство, традицијата, социјалната и здравствената заштита, образованието, религијата и заштитата на животната средина.

 

2.    Културно образовна програма на албански јазик

 

Културно образовна програма на албански јазик, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o   редакција  за култура,

o   образовна редакција,

o   документарна редакција

 

Редакцијата за култура, ги следи настаните од културата во земјава и во светот (изложби, промоции и други манифестации), се подготвуваат извештаи, осврти, рецензии, разговори и интервјуа и за дневно-информативните емисии и за специјализираните емисии од областа на културата, водат емисии, се прават дебати за  прашања од областа на културата.

 

Образовна редакција, се обработуваат теми за поширок аудиториум, од ученици во средни училишта до повозрасна популација.

 

Документарна редакција, се обработуваат содржини од минатото за што според законот МРТ има и обврска. Исто така, во оваа редакција се обработуваат личности, настани и процеси значајни за албанската заедница.

 

 

3.    Забавно- рекреативна програма на албански јазик

 

Забавно-рекреативната програма на албански јазик, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o      забавно - спортска редакција,

o      музичка редакција,

o      детска редакција

o      редакција за ноќни емисии

 

Забавно спортската редакција, ги следи настаните од областа на спортот во земјава и во светот, правење прилози и разговори, земање изјави од спортисти и спортски работници, вршење преноси, извештаи од натпревари и прес конференции и за днено-информативните емисии и за специјализираните спортски емисии, како и подготовка и водење емисии со спортска содржина (снимени и во живо).

Музичката редакција, подготовува музички емисии и ги следи актуелните музички настани (промоции, концерти, фестивали), подготвуваат плeј-листи (избор на песни што се емитуваат на програма), продукција на нови песни и преземање музички нумери од соработката со другите радио станици кои емитуваат програма на албански јазик.

Детската редакција, ги покрива активностите во основното образование и предучилишните установи.

Редакција за ноќни емисии, водителства на ноќни програми (отворени програмски појаси од забавен карактер), контактни емисии секоја ноќ со разни теми од културата, образованието, економијата, здравството, политиката и веронаука, поточно забавно-рекреативни емисии. Водителства на специјализирани тематски емисии од ревијален карактер. Водат снимени емисии и во живо.

 

 

ПРОГРАМА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

 

Програмата на турски јазик, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o      информативно - документарна редакција,

o      културно - образовна редакција,

o      забавно - музичка редакција

 

Информативно документарна редакција, подготвува  информативни емисии, вести, прилози за вести, извештаи од собраниски седници, прес конференции, емисии во кои се обработуваат теми од внатрешната и надворешната политика, теми од економијата и невладиниот сектор, документарни емисии со портрети на истакнати личности од турската заедница и емисии од сите области од живеењето и активностите на турците во РМ, емисии што обработуваат социјално политички теми, итн.

Културно-образовна редакција, планира и подготвува емисии од областа на културата на турската заедница, негувањето и заштитата на културното наследство во РМ со посебен осврт на наследството останато од османлискиот период, теми од  областа на образованието и воспитувањето, емисии од едукативен карактер, спортот, воспитувањето, теми од веронауката и одбележување на верските празници и други емисии од значење за животот на турците во РМ.

Забавно-музичката редакција, планира и подготвува детски емисии, емисии од областа на спортот, музиката, во која учествуваат пејачи и културно уметнички друштва од турската заедница, репортажи и разговори со истакнати уметници и спортисти, подготвува младински емисии, емисии за деца од пред школска и школска возраст и други емисии од областа на забавниот живот.

 

РЕДАКЦИИ НА ЈАЗИЦИ ШТО ГИ ЗБОРУВААТ ДРУГИТЕ НЕМНОЗИНСКИ ЗАЕДНИЦИ

 

 Редакциите на јазиците што ги зборуваат другите немнозински заедници, работите од својот делокруг ги врши преку следниве рганизациони единици.

 

o      редакција на емисии на српски јазик,

o      редакција на емисии на бошњачки јазик,

o      редакција на емисии на влашки јазик,

o      редакција на емисии на ромски јазик

 

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА СРПСКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на србите во Република Македонија.

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА БОШЊАЧКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на бошњаците во Република Македонија.

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА ВЛАШКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на власите во Република Македонија.

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА РОМСКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на ромите во Република Македонија.

 

Член 16

 

РАДИО ПРОГРАМСКИ СЕРВИС ПРЕКУ САТЕЛИТ И ПОСЕБНИ РАДИО ПРОГРАМИ – РАДИО МАКЕДОНИЈА

 

Програмските сервиси што се финансираат од буџетот на РМ обезбедуваат емисии за емитување со посредство на сателит и други медиуми за дистрибуција на сигнал, како и работите на подготовка на специјални програми за странство и емисии за соседите.

 

Програмскиот сервис Радио македонија подготвува, произведува, емитува и реемитува информативни, културни, документарни и забавни емисии со утврдена програмска концепција.

 

Програмскиот сервис Радио македонија, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o      редакција за програми за соседните земји,

o      редакција  Глас од татковината

o      Сателитска програма

 

Редакцијата за програми за соседните земји, подготвува дневно информативно-политички емисии, наменети за нашите слушатели во соседните земји со акцент на актуелните случувања во Република Македонија и со тонски прилог на различни теми за нашите културно-историски вредности на бугарски, грчки, албански и српски јазик.

 

Редакција Глас од татковината, преку програмата "Глас од татковината" ги информира нашите иселеници и граѓани кои живеат во странство (дијаспора) и се во функција на воспоставување мост меѓу татковината и дијаспората. Во рамките на оваа редакција се обработуваат теми од сите области на живеењето култура, образование, спортот, економијата, традицијата, фолклорот, музиката, одбележување на историски настани, евроинтеграции, активностите на црковните општини во дијаспората и тн.

 

Сателитската програма емитува програма која претставува компилација на содржини од сите програмски сервиси на Македонско радио и произведува сопствена програма со содржини прилагодени на нашата дијаспора и ја уредува ВЕБ страницата на сателитската програма.

 

 

 МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА

Член 17

За потребите на програмските сервиси на Македонска телевизија, организирани се два Сектори за ТВ Продукција и ТВ Техника и програмски служби, преку следниве организациони единици:

o одделение за план,

o одделение за координација, евиденција, статистика и истражување  на

   програмите

o одделение за документација,

o одделение за ВЕБ и телетекст

 

Одделение за план, врз основа на  утврдената програма за продукција, врши програмска, технолошка, продукциона анализа и за поединечните технолошки операции врши нормирање  на процесите на продукција -за сите сервиси на МТВ (Прв и Втор програмски сервис на МТВ, Сателитски сервис, Собраниски сервис, технички услуги за ЕБУ и услуги за трети лица .

Во Одделението, врз основа на наведените елементи и според одредбите се изготвуваат  периодични, месечни, неделни планови за; снимање со мобилни ТВ екипи  и директни емитувања со една камера, монтажа на ТВ емисии и прилози, синхронизација, титлување и преснимување, директно емитување и снимање од студијата  на МТВ и со   репортажни  возила и издавање  вонредни работни налози.

Одделението за координација, евиденција, статистика и истражување на програмата на МТВ  ги извршува следниве работи задачи: изготвување на распоред на дневната и неделната програма на МТВ1, МТВ2 и Сателитски сервис; евиденција на релизираната програма на МТВ1 и Собраниски сервис; статистика на релизираната програма со регулирање на авторски права и истражување на програмата на сите канали освен на Сателитскиот.  

Одделение за документација, врши прием, обработка за чување и чување на емитувани и неемитувани содржани емисии, обезбедува филмска, електронска, фото и друга документација за потребите на програмата, селектирање, документирање и доработка на материјали, преснимување прилози од дневни вести, собраниски седници и комисии, преземање мерки за репарирање и преснимување на филмската и електронската документација на други носачи на слика.

Одделение за ВЕБ и телетекст, врши креирање, поставување, администратирање на веб страната на МРТ; регистрација на домени и субдомени за потребите на МРТ; предлага поставување на линкови на надворешни веб страни на страната на МРТ.

1. Секторот за ТВ Продукција работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o      одделение за режисерско обликување,

o      одделение за слика,

o      одделение за тон,

o      одделение за сценска изведба,

o      одделение за светло,

o      одделение за монтажа,

o      одделение за промоција на програмата и графички дизајн

 

 

Одделение за режисерско обликување, врши обликување, уметничка изведба и дизајн на програмите на Македонската телевизија. Одделението е составено од три профили и тоа:режисери, реализатори, асистенти и секретари по режија кои ја обликуваат конечната слика на проектот.

 

Одделение за слика врши работи на производство на соодветна слика во разни услови и побарувања од режисерот и миксање на сите видео сигнали во конечен производ.

 

Одделение за тон, врши снимање на тонски сигнали од повеќе извори и тонско обликување на програмите.

 

Одделение за сценска изведба, ги врши работите на изработка на сценографија сценографско и костимографско обликување на емисиите и подготовка на маски и фризури.

 

Одделение за светло, обезбедува монтирање на комплетната светлечка опрема и обликување на светло за потребите на снимања на терен и студиски снимања и напојување на уредите кои учествуваат при снимање и емитување на програмата.

Одделение за монтажа, врши фино уредување на сегменти од претходно снимена слика и звук во текот на производствениот и пост - производствениот процес

 Одделение за промоција на програмата и графички дизајн, изработува видео/аудио и графички форми за саморекламирање на сопствената програма и графички-естетско обликување на програмскиот визуелниот идентитет..

 

2. Секторот за ТВ Техника работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o      одделение за мастер со емитување програма,

o      одделение  ТВ студио,

o      одделение  МГС сервери,

o      одделение  мобилна техника,

o      одделение за одржување.

 

Одделението за мастер со емитување на програма го следи, контролира и проследува секој сигнал релевантен за МТВ; се овозможуваат врски со сите потребни извори (Репортажни возила, Сателитски   врски, терестријални линкови, телеком...) Се емитува програмата на сите 4 програмски сервиси на МТВ


Одделението ТВ студио, врши работи на техничка подготовка на режиите на студијата кои се во употреба при снимање, емитување во живо, за најразлични типови емисии (вести, говорни, музички, шоу програми). Овие подготовки се однесуваат на видео и аудио сигналот кој треба да се произведе за соодветната ТВ емисија.


Одделението МГС сервери, е место каде се снима, обработува и складира (архивира), емитува секој материјал, снимен во и надвор од студијата на МТВ. Одделението е одговорно за одвивање на сите операции кои се однесуваат на продукцискиот систем (ingest, playout, archive).

Одделение мобилна техника, е задолжено за вршење на снимања и преноси на најразлични видови емисии кои се случуваат надвор од студијата на МТВ. Ова се однесува на призводство на аудио и видео сигнал и негов пренос до Мастер на МТВ, значи тука се екипата на репортажните возила и екипата на линковски врски.

Одделение за одржување, врши контрола и одржување на технолошките уреди кои се во употреба во целиот процес на производство и емитување на програма на МТВ. Исто така учествува и при монтажа и имплементација на нови уреди и инсталации.

Член 18

ПРВ ПРОГРАМСКИ СЕРВИС НА МТВ

Првиот програмски сервис на МТВ - подготвува, произведува и емитува информативни, културни, образовно-научни, документарни,  детски, спортски, забавни и програми за млади во согласност со утврдена ппрограмска политика според Законот за радиодифузна дејност, организирани преку следниве организациони единици:

ДОПИСНИЧКА МРЕЖА НА МРТ

 

Дописничката мрежа во МРТ, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици

 

o Дописна мрежа во РМ

o Дописна мрежа во странство

 

Дописната мрежа во РМ,  ја координира работата на сите дописници од градовите во Република Македонија, ги прибира и обезбедува сите потребни информации, прилози од дописниците за дневните случувања и други актуелности од градовите за потребите на дневникот, вестите и другите информативни емисии; по потреба овозможува директно вклучување  во програмата и јавување за актуелности кои се случиле во текот на неделата, прибира аудио и видео информативни материјали, коментари и други новинарски прилози од случувањата во градовите, во согласност со  програмските потреби на МРТ и настаните во Републиката. 

 

Дописна мрежа во странство, ја координира работата на дописниците и снимателите од странство, ги прибира и обезбедува сите потребни информации, прилози од дописниците за дневните случувања и други актуелности од државите од кои известуваат за потребите на дневникот, вестите и другите информативни емисии.

 

o   одделение за продуценти

o   одделение за јазик

 

   Одделение за продуценти, учествува во реализација – продукција на целата програма на програмскиот сервис. Изготвува финансиска конструкција – буџети за проекти – емисии на усвоени идеи, синопсиси, сценарија и стручни текстови за сериско и поединечно производство како и финансиски извештаи за завршени проекти-емисии, од што произлегува и сложеноста на работата на ова одделение. По потреба обезбедува и дополнителни приходи за одредени проекти.

Соработува со сите сегменти – професии во МРТ. Тоа значи дека ова одделение го организира и оперативно го регулира процесот на производство на програмата во сервисот, доставува технички потреби за реализација на емисиите, месечни, неделни и вонредни до одделението за планирање.

Одделението за јазик како организациона единица во Првиот програмски сервис ги извршува следниве работи и задачи: превод и адаптација на документарни емисии, сериски и играни филмови, цртани серии, интервјуа; јазично и стилско обликување (лектура) на сите претходно извршени преводи, на вестите во дневно-информативната редакција, на емисиите од документарната, спортската, образовната и сите други редакции во Македонската телевизија; читање, односно презентирање на документарните емисии, вестите, прилозите.

   1. ИНФОРМАТИВНА ПРОГРАМА

Информативната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве организациони единици

o      дневна редакција,

o      редакција за внатрешна политика,

o      редакција за економија, претприемништво, менаџмент,

o      редакција за надворешна политика,

o      редакција за актуелности.

 

Дневната редакција, извршува работи на добивање, уредување, проследување на вести преку следење на странски информативни тикери и информациски агенции, следење на разменските материјали и вести од ЕБУ, ЕРНО и останатите организации во кои што членува МРТ, како и од странски медиуми, а се однесуваат или се интересни за македонската јавност. Задача на репортерите и новинарите е навремено следење на слчучувањата кои што се ненајавени од претходно, активности како прес конференции, несакани случувања, временски прилики, како и сите останати случувања кои што потоа ги презема за доработка ресорната редакција.

Редакција за внатрешна политика се разработуваат теми кои ја засегаат внатрешно политичката сцена, политичките партии, институции на власта (министерства, влада, претседател на РМ), здравствениот сектор, образованието, полиција, екологија, транспорт и врски, екологија, како и сите останати случувања кои што произлегуваат од сферата на домашните случувања. Во делокругот на работа на ова редакција е подготовка на извештаи, вести, анализи, собирање податоци, стручни анализи и пренесување на ставови кои што навлегуваат во сферата на внатрешно политичката проблематика за дневните изданија на вестите и дневниците на Првиот програмски сервис.

Редакција за економија, претприемништво и менаџмент, разработува теми што се однесуваат на активностите од областа на финансии, странски инвестиции, телекомуникации, транспорт и врски, берза, синдикалните организации, стопанските комори, земјоделството, енергетиката, надворешно трговско работење, европските економски фондови (ипард, ипа..), светските организации (Светска банка и ММФ), како и сите политики во однос на економските институции во државата и движење на светската економија.

Редакција за надворешна политика, разработува теми кои ја засегаат надворешно политичката сцена и кои што ги засегаат активностите од областа на министерството за надворешни работи, владата и претседателот на РМ, странските дипломатски претставништва, протоколите, посетите на странските државници и посетите на наши претставници во странство, соработка со дописници од светските центри на моќ, европските институции (Брисел, Стразбур), светските организации (ООН, Хашкиот трибунал, НАТО), како и сите активности поврзани со евроатлантските интеграции на РМ, со додавка на односите со Грција и регионот. Во нејзинот делокруг на работа е подготовка на извештаи, вести, анализи, собирање податоци, стручни анализи и пренесување на ставови кои што навлегуваат во сферата на надворешно политичката проблематика за дневните изданија на вестите и дневниците на Првиот програмски сервис.

Редакција за актуелности, подготвува информативни емисии во насока на појаснување и дополнителни информации произлезени од опсегот на Дневно информативната програма. Тие информативни емисии се поделени на магазини и дебатни емисии, со неделен карактер,  кои што се уредувани и водени од новинари уредници од Дневно информативната програма и нејзините редакции, но и од Уредници водители од другите сектори на Првиот програмски сервис, како од спортска редакција, образовна редакција, културно документарната редакција.  

  1. ИГРАНО ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА

 

Играно-документарната програма работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

  • документарна редакција,
  • редакција за играна програма,

 

Документарна редакција на МТВ има задача да обработува теми од македонската историја, култура, традиција и секојдневие. Да прави документарни записи кои се од трајна вредност. Освен документарниот филм, како жанрови, се обработуваат и теми блиски на документаристиката, репортажи, емисии, директни преноси од различни манифестации поврзани со државноста на Р. Македонија. Исто така, се води сметка за големиот број странски документарни филмови, со кои МТВ располага во изобилие, нивна постпродукција и презентација на програмите на МТВ.

 

Редакција за играна програма, обработува сценарија и нивна драматуршка обработка како и подготвување терен за снимање на домашна продукција, играни серии и ТВ филмови. Редакцијата активно учествуваат во изборот, обработката и презентација како на домашната играна и филмска програма, така и на странската играна и филмска програма. Исто така, оваа редакција учествува во снимањето и постпродукцијата на ТВ драми и театарски Претстави.

 

      3. ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА

 Образовната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

  • редакција за училишна програма,
  • редакција за општо образование,
  • редакција за научна програма,
  • редакција за деца и млади.

 

Редакција за училишна програма, произведува и емитува содржини (прилози, авторски текстови), авторски емисии, обработува теми кои што во целост ги следат образовните процеси и програмата предвидена за основното, средно образование, но и за високото образование.

 

Редакција за општообразовна програма, произведува и емитува содржини (прилози, авторски текстови), авторски емисии со едукативен карактер. Обработува општообразовни теми (социјални, филозофски итн.), наменети за широката популација која што, истовремено ќе одговори и на националните, но и на европските потреби. Произведува авторски содржини за  (граѓанско општество и граѓанските права, сообраќајна култура, историја на религии, светска култура, уметност итн).

 

Редакција за научна програма, произведува и емитува содржини (прилози, авторски текстови,), авторски емисии со едукативен карактер. Обработува теми од науката (општествена и природна).Произведува авторски содржини преку кои што се следат научните достигнувања во Македонија, но и во светот.

 

Редакција за деца и млади произведува и емитува содржини (авторски прилози) и авторски емисии наменети за најмладата популација (целна група:деца од 1-10г ).  Обработува психолошки и педагошки теми, што ќе придонесат во моделирањето на младата личност во едуцирано и социјализирано суштество. Подготвува емисии со интерактивни содржини со цел нивна анимација.

 

 4.    СПОРТСКА ПРОГРАМА

 

Спортската програма произведува програми од следниве видови; дневно-информативни појаси во рамките на вестите и на дневниците; дневно-информативни појаси во рамките на други емисии; пренесување на натпревари на домашните клубови, националните селекции и од останати главно премиерни спортски настани (пр. Олимписки игри, Европско првенство, Лига на шампионите на УЕФА, Формула 1 и сл. емисии).

Спортската програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o   редакција за домашен спорт

o   редакција за меѓународен спорт,

 

 

Редакцијата за домашен спорт информира за домашниот спорт во дневно информативни појаси и во рамките на вестите.

Редакцијата за меѓународен спорт информира за меѓународниот спорт во дневно информативни појаси и во рамките на вестите.

4.    КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА

 Културно- уметничката програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици

  • редакција за култура
  • редакција за забавно-контактни емисии

 

Редакцијата за култура, продуцира програма и емисии со тематика врзана  за културата, културното и историско наследство на Р.Македонија, како и програма која се грижи за афирмација на сите уметности  и дејности во и вон нашата држава, но и етаблирање на совремните достигнувања на ова поле со постојано надградување на вкусот на гледачите.

Редакцијата за забавни и контактни емисии, продуцира мултимедијална програма наменета за најшироката публика различно профилирана. Емисиите од оваа редакција покрај основната улога,  имаат за цел интерактивно афирмирање на сите квалитетни активности од полето на забавата и уметноста и да претставуваат коректив врз општите уметнички критериуми и влијанија врз општеството. Покрај музичките емисии врзани за забавната и народната музика, редакцијата подготвува и интерактивни-забавни емисии во живо во кои се анимира и публиката пред малите екрани, подготвуваат празнични и наменски емисии, шоу програми и музички фестивали.

 

Член 19

 

ВТОР ПРОГРАМСКИ СЕРВИС НА МТВ

 

Вториот програмски сервис на МТВ подготвува, произведува и емитува информативни, културни, образовно-научни, документарни, детски, спортски, забавни и програми за млади во согласност со утврдена програмска политика според Законот за радиодифузна дејност организирани во следниве организациони единици.

  Вториот програмски сервис на МТВ, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o   одделение за продуценти

o   одделение за јазик

 

Одделение за продуценти, учествува во реализација – продукција на целата програма на програмскиот сервис. Изготвува финансиска конструкција – буџети за проекти – емисии на усвоени идеи, синопсиси, сценарија и стручни текстови за сериско и поединечно производство како и финансиски извештаи за завршени проекти-емисии, од што произлегува и сложеноста на работата на ова одделение. По потреба обезбедува и дополнителни приходи за одредени проекти.

Соработува со сите сегменти – професии во МРТ. Тоа значи дека ова одделение го организира и оперативно го регулира процесот на производство на програмата во сервисот, доставува технички потреби за реализација на емисиите, месечни, неделни и вонредни до одделението за планирање.

Одделението за јазик како организациона единица во Вториот програмски сервис ги извршува следниве работи и задачи: превод и адаптација на документарни емисии, сериски и играни филмови, цртани серии, интервјуа; јазично и стилско обликување (лектура) на сите претходно извршени преводи, на вестите во дневно-информативната редакција, на емисиите од документарната, спортската, образовната и сите други редакции во Македонската телевизија; читање, односно презентирање на документарните емисии, вестите, прилозите.

Вториот програмски сервис на МТВ на  јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од Македонскиот јазик и на јазиците што ги зборуваат другите немнозински заедници e организиран преку следниве внатрешни организациони единици:

 

ПРОГРАМА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

 

ИНФОРМАТИВНА ПРОГРАМА

 

1.         Информативната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

  • дневно информативна редакција,
  • редакција за актуелности,
  • редакција утринска програма,
  • редакција за економија, претприемништво и менаџмент,
  • спортска редакција

 

Дневно информативната редакција, извршува работи на добивање, уредување, проследување на вести преку следење на странски информативни тикери и информациски агенции, следење на разменските материјали и вести од ЕБУ, ЕРНО и останатите организации во кои што членува МРТ, како и од странски медиуми, а се однесуваат или се интересни за македонската јавност. Задача на репортерите и новинарите е навремено следење на случувањата кои што се ненајавени од претходно, активности како прес конференции, несакани случувања, временски прилики, како и сите останати случувања кои што потоа ги презема за доработка ресорната редакција.

Редакција за актуелности, подготвува информативни емисии во насока на појаснување и дополнителни информации произлезени од опсегот на Дневно информативната програма. Тие информативни емисии се поделени на магазини и дебатни емисии, со неделен карактер,  кои што се уредувани и водени од новинари уредници од Дневно информативната програма и нејзините редакции, но и од Уредници водители од другите сектори на Вториот програмски сервис, како од спортска редакција, образовна редакција, културно документарната редакција.  

 Редакција утринска програма, подготвува прилози за секојдневни утрински  емисии, емисии во живо, се прават прилози, репортажи и белешки за теми што не се поврзани со дневно-политичките случувања, туку се повеќе ориентирани кон културното наследство, традицијата, социјалната и здравствената заштита, образованието, религијата и заштитата на животната средина.

Редакција за економија, претприемништво и менаџмент, разработува теми што се однесуваат на активностите од областа на финансии, странски инвестиции, телекомуникации, транспорт и врски, берза, синдикалните организации, стопанските комори, земјоделството, енергетиката, надворешно трговско работење, европските економски фондови (ипард, ипа..), светските организации (Светска банка и ММФ), како и сите политики во однос на економските институции во државата и движење на светската економија.

Спортска редакција, произведува програми од следниве видови; дневно-информативни појаси во рамките на вестите и на дневниците; дневно-информативни појаси во рамките на други емисии; пренесување на натпревари на домашните клубови, националните селекции и од останати главно премиерни спортски настани (пр. Олимписки игри, Европско првенство, Лига на шампионите на УЕФА, Формула 1 и сл. емисии).

 

  1. КУЛТУРНО ЗАБАВНА ПРОГРАМА

 

Културно забавната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

  • редакција за култура и уметност,
  • музичка редакција
  • забавно контактна редакција

 

Редакција за култура и уметност, продуцира програма и емисии со тематика врзана  за културата, културното и историско наследство на Р.Македонија, како и програма која се грижи за афирмација на сите уметности  и дејности во и вон нашата држава, но и етаблирање на совремните достигнувања на ова поле со постојано надградување на вкусот на гледачите.

Музичка редакција, снима фестивали, опера и балет, студики емисии од сите жанрови и е одговорна за сите музички спотови кои се пуштат во програма.

 

Забавно контактна редакција, продуцира мултимедијална програма наменета за најшироката публика различно профилирана. Емисиите од оваа редакција покрај основната улога, имаат за цел интерактивно афирмирање на сите квалитетни активности од полето на забавата и уметноста и да претставуваат коректив врз општите уметнички критериуми и влијанија врз општеството. Покрај музичките емисии врзани за забавната и народната музика, новинарите од редакцијата подготвуваат и интерактивни-забавни емисии во живо во кои се анимира и публиката пред малите екрани,  подготвуваат празнични и наменски емисии, шоу програми и музички фестивали.

 

4.             ОБРАЗОВНА ПРОГРАМА

 

Образовната програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o   општо образовна, научна и училишна редакција,

o   редакција за деца и млади,

 

Општо образовна, научна и училишна редакција, произведува и емитува содржини (прилози, авторски текстови,), авторски емисии со едукативен карактер. Обработува општообразовни теми (социјални, филозофски итн,), наменети за широката популација која што, истовремено ќе одговори и на националните, но и на европските потреби. Произведува авторски содржини за  (граѓанско општество и граѓанските права, сообраќајна култура, историја на религии, светска култура, уметност итн). Сите наведени содржини се поместени во авторски емисии со документаристички пристап на обработка.

Исто така, оваа редакција произведува и емитува содржини (прилози, авторски текстови,), авторски емисии со едукативен карактер. Обработува теми од науката (општествена и природна).Произведува авторски содржини преку кои што се следат научните достигнувања во Македонија, но и во светот. Сите наведени содржини се поместени во авторски емисии, интервјуа, дебати.

 

Редакција за деца и млади, произведува и емитува содржини (авторски прилози) и авторски емисии наменети за најмладата популација (целна група  :деца од 1-10г ).  Обработува психолошки и педагошки теми, што ќе придонесат во моделирањето на младата личност во едуцирано и социјализирано суштество. Подготвува емисии со интерактивни содржини со цел нивна анимација.

 

5.             ИГРАНО ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА

 

Играно документарна програма, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици

  • документарна редакција
  • редакција за драма и филм
  • редакција за обработена програма

 

Документарна редакција, обработува теми од историјата, културата, традицијата и секојдневието, прави документарни записи кои се од трајна вредност. Документаристичкиот пристап на работа овозможува оваа редакција да учествува со документарни филмови како репрезент на МТВ на фестивали за документарни филмови. Освен документарниот филм, како жанрови, новинарите обработуваат и теми блиски на документаристиката, репортажи, емисии, директни преноси од различни манифестации. Исто така,се води сметка за големиот број странски документарни филмови, со кои МТВ располага во изобилие, нивна постпродукција и презентација на програмите на МТВ.

Редакција за драма и филм, одбира, титлува и се грижи за сите филмови и серии ( и за нивното соодветно рекламирање),  кои се емитуваат на  Вториот програмски сервис на МТВ.

Редакција за обработена програма, синхронизира, титлува обработени странски документарни филмови.

 ПРОГРАМА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

Програмата на турски јазик, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o   информативно - документарна редакција,

o   културно - образовна редакција,

o   забавно - музичка редакција.

Информативно документарна редакција, подготвува  информативни емисии, вести, прилози за вести, извештаи од собраниски седници, прес конференции, емисии во кој се обработуваат теми од внатрешната и надворешната политика, теми од економијата и невладиниот сектор, документарни емисии со портрети на истакнати личности од турската заедница и емисии од сите области од живеењето и активностите на турците во РМ, емисии што обработуваат социјално политички теми, итн.

Културно-образовна редакција, планира и подготвува емисии од областа на културата на турската заедница, негувањето и заштитата на културното наследство во РМ со посебен осврт на наследството останато од османлискиот период, теми од  областа на образованието и воспитувањето, емисии од едукативен карактер, спортот, воспитувањето, теми од веронауката и одбележување на верските празници и други емисии од значење за животот на турците во РМ.

Забавно-музичката редакција, планира и подготвува детски емисии, емисии од областа на спортот, музиката, во која учествуваат пејачи и културно уметнички друштва од турската заедница, репортажи и разговори со истакнати уметници и спортисти, подготвува младински емисии, емисии за деца од пред школска и школска возраст и други емисии од областа на забавниот живот.

РЕДАКЦИИ НА ЈАЗИЦИ ШТО ГИ ЗБОРУВААТ ДРУГИ НЕМНОЗИНСКИ ЗАЕДНИЦИ

Редакции на јазици што ги зборуваат други немнозински заедници, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици.

 

o      редакција на емисии на српски јазик,

o      редакција на емисии на бошњачки јазик,

o      редакција на емисии на влашки јазик,

o      редакција на емисии на ромски јазик.

 

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА СРПСКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на србите во Република Македонија.

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА БОШЊАЧКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на бошњаците во Република Македонија.

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА ВЛАШКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на власите во Република Македонија.

 

РЕДАКЦИЈА НА ЕМИСИИ НА РОМСКИ ЈАЗИК, планира и подготвува емисии од областа на образованието, јазикот, историјата, културата, спортот, како и ги покрива дневните настани од  значење за животот на ромите во Република Македонија.

 

Член 20

 

САТЕЛИТСКИ СЕРВИС НА МТВ 1 и САТЕЛИТСКИ СЕРВИС НА МТВ 2

 

Сателитскиот сервис на МТВ1 и Сателитскиот сервис на МТВ2 произведуваат, емитуваат и реемитуваат, информативни, културни и забавни емисии со утврдена програмска концепција.

 

Член 21

 

СОБРАНИСКИ СЕРВИС НА МТВ

 

Собранискиот сервис на МТВ директно емитува и реемитува седници на Собранието на РМ, на работни тела и други институции, како и други програми по избор на МРТ врз основа на спогодба со Советот на Собранискиот канал.

                                                            

 

 

 

 

Член 22

 

МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА НА МРТ

Музичка продукција на МРТ извршува работи од областа на подготовка, изведба и снимање на музички материјали, производство на сопствена национална музика, и тоа забавна, класична, џез, народна, изворна и нивни обработки, со застапеност на музичката култура на сите ентитети кои живеат во земјата. Исто така, музичката продукција за програмските потреби на МРТ ги подготвува, организира и раководи со тонски снимања и ги продуцира сите музички настани во студио и на терен, како и издавање на носачи на звук за потребите на МРТ.

Својата дејност музичката продукција ја извршува преку следниве организациони единици.

-                Редакција за класична музика и хор

   -     Редакција за народна музика

  • Народен и чалгиски оркестар
  • Оркестар на народни инструменти на МРТ

   - Редакција за популарна музика

  • Биг бенд оркестар на МРТ

     - Одделение за издавачка дејност

- Редакција за класична музика и хор, во координација со музичките програми на радиото и телевизијата и со соодветните редакции во овие програмски целини, како и врз основа на самостојни проценки на музичката продукција и одделението за издавачка дејност – планира и реализира студиски и теренски снимања на музички материјали од областа на класичната музика. Хорот, согласно програмските потреби на македонската радио-телевизија и плановите за концертна активност – планира и реализира концерти и студиски снимања на дела од македонската и светската музичка литература.

 

-  Редакција за народна музика, во координација со музичките програми на радиото и телевизијата и со соодветните редакции во овие програмски целини, како и врз основа на самостојни проценки на музичката продукција и одделението за издавачка дејност – планира и реализира студиски и теренски снимања на музички материјали од областа на народната музика (изворна и авторска во духот на народниот мелос). Согласно програмските планови на МРТ – подготвува и реализира фестивалски и други програми.

 

o   Народен и чалгиски оркестар, согласно програмските потреби на македонската радио-телевизија, планира и реализира концерти и студиски снимања на фолклорни дела и авторски творби во духот на народниот мелос. Реализира и други програмски активности – подготовка, изведба и снимање на фестивалски програми, посебни ТВ емисии и проекти и сл.

 

o   Оркестар на народни инструменти, согласно програмските потреби на македонската радио-телевизија, планира и реализира концерти и студиски снимања на дела од подрачјето на изворниот фолклор. По потреба настапува и снима заедно со Народниот и чалгиски оркестар.

 

-  Редакција за популарна музика, во координација со музичките програми на радиото и телевизијата и со соодветните редакции во овие програмски целини, како и врз основа на самостојни проценки на музичката продукција и одделението за издавачка дејност – планира и реализира студиски и теренски снимања на музички материјали од областа на популарната музика. Согласно програмските планови на МРТ – подготвува и реализира фестивалски и други програми.

 

o   Биг-бенд оркестар на МРТ, согласно програмските потреби на македонската радио-телевизија, планира и реализира концерти и студиски снимања на дела за ваков состав. Учествува во реализација на други активности како дел од поголем (ревиски) оркестар (фестивали и сл.), или во скратен состав, во реализација на посебни ТВ емисии и проекти.

 

- Одделение за издавачка дејност, согласно проценките и потребите што ги констатираат музичката продукција и раководните органи и тела на МРТ, планира и реализира аудио, видео, мултимедијални и други видови на изданија, за промотивни и комерцијални цели.

 

ЗАЕДНИЧКИ ФУНКЦИИ

 

Член 23

Заеднички функции и администрација извршуваат стручни, административни и технички работи за потребите на цела МРТ, а за извршување на работите од својот делокруг се организирани преку 6 Сектори и тоа:

      1.   Сектор за правни работи и човечки ресурси

      2.   Сектор за финансиско работење

3.    Сектор за комерција и јавни набавки

4.    Сектор за информатички технологии

5.    Сектор за логистика

6.    Сектор за маркетинг и промоција

 

1. СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Секторот за правни работи и човечки ресурси ги врши работите и задачите во врска со правната заштита и застапување на МРТ пред судовите и другите државни органи; ги подготвува општите акти на МРТ; врши подготовка на Договорите во врска со Авторските права ; води евиденција на човечките ресурси и ги врши сите работи од областа на работните односи; ја обезбедува целокупната стручна и техничка подршка на органите на МРТ и тоа: Советот на МРТ и Управниот одбор на МРТ; го организира и спроведува Архивското работење на МРТ и одделните организациони единици, согласно постојните законски прописи и врши и други правни, административни и општи работи согласно законските обврски на МРТ.

 

Секторот за правни работи и човечки ресурси работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o      одделение за правни и нормативни работи,

o      одделение за човечки ресурси,

o      одделение за стручна и техничка поддршка на Советот и УО на МРТ,

o      одделение за архива

 

Одделението за правни и нормативни работи ги врши работите и задачите во врска со правната заштита  и застапувањето на МРТ пред судовите и другите државни органи; дава правни мислења за одделни прашања во врска со усогласеноста на одделни предлози со позитивните законски прописи во земјата; подготвува информации и други материјали во врска со одделни правни прашања за потребите на Работоводниот орган на МРТ; изготвува облигационо - правни договори што ги склучува МРТ како и авторски, изведувачки и други видови договори; подготвува вонсудски спогодби по барање на Работоводниот орган на МРТ, одговара за достапноста на информации и обезбедување на слободен пристап до информации и врши други работни задачи во врска со обезбедувањето на законитоста на работењето на МРТ.

Одделението ги врши и работите и задачите во врска со подготвувањето на општите акти на МРТ во форма на нацрт и предлог и ги доставува до Работоводниот орган на МРТ; учествува во подготвувањето на Законите и другите прописи за прашања што се однесуваат на работењето на МРТ како јавен радиодифузен сервис; учествува во подготвувањето на колективните договори кои ги склучува МРТ и врши и други работни задачи во функција на изготвувањето на општите акти и други нормативни прописи што треба да се донесат во МРТ.

 

Одделението за човечки ресурси ги врши работите и задачите во врска со евиденцијата на човечките ресурси; подготвува прегледи и извештаи за кадровската структура и ги доставува до надлежните органи во МРТ и други државни органи; ги врши сите работи од областа на работните односи утврдени со Закон и Колективен договор; ги изготвува сите видови решенија и одлуки, ги спроведува огласите за вработување, предлага програми за стручно усовршување на вработените, а во соработка со Одделението за меѓународна соработка, ги презема сите активности за тренинг и обука на вработените во другите јавни сервиси и врши и други работи и задачи во врска со човечките ресурси со кои располага МРТ.

 

Одделението за стручна и техничка подршка на Советот и Управниот одбор на МРТ ги врши работите и задачите во врска со подготвувањето на седниците на Советот на МРТ и Управниот одбор на МРТ, а особено закажување на седниците на овие органи, навремено доставување на материјалите и водење и подготвување на записниците од седниците; врши навремена комуникација со членовите на Советот на МРТ и Управниот одбор на МРТ во врска со подготвувањето на седниците; ги подготвува предлозите на заклучоците и одлуките што ги донесуваат Советот на МРТ и Управниот одбор на МРТ; води евиденција за присуството на членовите на Советот на МРТ и Управниот одбор на МРТ и врши други стручни и општи работи и задачи со кои се создаваат услови за работењето на Советот на МРТ и Управниот одбор на МРТ.

 

Одделението за архива ги врши работите и задачите за спроведување на архивското работење на МРТ и одделни организациони единици согласно законските прописи; ја прима и ја доставува поштата упатена од и до МРТ; врши достава на материјалите до надлежните органи и служби во МРТ и врши други работни задачи со кој се обезбедува законитост во архивското и канцелариско работење на МРТ.

 

 

1. СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Секторот за финансиско работење врши економско-финансиски, сметководствени работи, планирање и реализација на буџети и сите работи на евиденција и ажурирање на Регистарот на радиодифузна такса.

Секторот за финансиско работење работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o      одделение за финансии

o      одделение за сметководство,

o      одделение за планирање и реализација на буџети,

o      одделение за радиодифузна такса

 

Одделение за финансии ја  проверува исправноста и реалноста на целокупната финансиска документација, врши плакања на обврските, врши исплата преку благајна, врши пресметка на плата, подготвува документација за исплата на плата за вработените за ПИОМ, изготвува месечни ДДВ пријави, ликвидира патни налози за  земјата и странство.

 

Одделение за сметководство ги  евидентира финансиските трансакции по видови и по места на трошоци врз основа на веродостојна документација; води материјална и магацинска евиденција на залихите, ситниот инвентар и основните средства; води аналитичка и синтетичка евиденција на сите побарувања и обврски во земјата и странство по сите основи, евиденција на приходите и расходите и сл; подготвува податоци за спроведување на редовниот годишен попис на имотот, ситниот инвентар, потрошениот материјал, готовите производи побарувањата, обврските, паричните средства и др.согласно сметководствени стандарди; ги утврдува и книжи разликите по попис; врз основа на доставени договори, термински планови се изготвуваат фактури.

Одделението за планирање и реализација на буџети подготвува годишен финансиски план на МРТ, посебни финансиски планови, согласно Законот за радиодифузна дејност, изготвува периодични и квартални и годишни финансиски извештаи; подготвува извештаи за потребите на менаџерскиот тим и по налог на претпоставениот, подготвува податоци за потребите на Заводот за статистика, ја евидентира промената за состојбата на бројот на вработените по месеци, го евидентира времетрањето на програмата по видови и по  програмски Сервиси.

 

Одделението за радиодифузна такса  во одделението за радиодифузна такса се води базата на податоци  за РДТ за физички и правни лица; се врши трансфер на податоци за обврзниците правни лица од  Централниот регистар, за физичките лица од ЕВН, до Управата за јавни приходи; секојдневно се ажурираат податоци за обврзници за промена на адресни податоци, за ослободување од плаќање на РДТ врз основа на доставена веродостојна документација согласно Законот за радиодифузна дејност; се врши контрола на терен за поднесените барања од обврзниците,  се евидентираат нови  обврзници на терен.    

2. СЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈА И ЈАВНИ НАБАВКИ

 

 Секторот за комерција и јавни набавки ги спроведува набвките во согласност со Законот за јавни набавки и во соработка со останатите организациони делови, ги следи и одговара за законитоста на реализација на склучените  договори.

 

Секторот за комерција и јавни набавки работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

o      Одделение за јавни набавки

o      одделение за комерцијални работи

 

  Одделение за јавни набавки ги спроведува постапките за јавните набавки согласно Законот за јавни набавки и се грижи за законито спроведување на постапките, изготвува план за јавни набавки, Одлуки за јавни набавки, ја подготвува тендерската документација, ги објавува огласите и ги изготвува договорите за јавни набавки.

Одделение за комерцијални работи ги извршува работите во врска со комерцијално работење со домашни и странски фирми, увоз – извоз, осигурување на имот и лица, магацинско работење, материјално и финансиско следење и реализација на договорите за јавни набавки.

3. СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ

Секторот за информатички технологии врши изработка и развој на апликативен софтвер и негово одржување. Врши инсталација, одржување и постојано администрирање на мрежата на компјутери, мониторинг на интерната мрежа на компјутери и мониторинг на надворешните врски со внатрешната мрежа, инсталација одржување и постојано администрирање на софтверот на персоналните компјутери; инсталација на хардвер и тековно одржување на хардверот на персоналните компјутери; континуирана логистичка подршка на програмите на радиото и телевизијата во делот на информационите технологии.

Сектор за информатички технологии,  работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o      одделение за софтвер,

o      одделение за хардвер.

 

Одделение за софтвер, врши изработка и развој на апликативен софтвер и негово одржување; мониторинг на интерната мрежа на компјутери и мониторинг на надворешните врски со внатрешната мрежа, инсталација, одржување и постојано администрирање на софтверот на персоналните компјутери, администрирање, организација и одржување на мрежните домен системи.

 

Одделение за хардвер, врши инсталација на хардвер и тековно одржување на хардверот на персоналните компјутери; инсталација на хардвер и тековно одржување на хардверот на мрежните уреди.

4. СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА

Секторот за логистика ги врши сите работи во врска со изградба и адаптација на         градежни објекти, енергетика, напојување и одржување на објекти, инсталации и уреди во МРТ, одговара за заштитата и безбедноста при работа и други работи по налог на Извршниот директор на МРТ.

Секторот за логистика, работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o      одделение за планирање, проектирање, развој и одржување на објекти

o      одделение за енергетика и напојување,

o      одделение за противпожарна заштита,

o      одделение за физичко обезбедување,

o      одделение за возен парк

o      одделение за логистичка подршка

 

Одделение за планирање, проектирање, развој и одржување на објекти се грижи за одржување на објектите на МРТ, за занаетчиските работи, браварија, водовод и канализација, кровови, подови, плафони, столарија, одржувањето на лифтови и инсталации и уреди за климатизација и греење и други работи потребни за нормално функционирање на објектите.

 

Одделение за енергетика и напојување, се грижи за одржување на електричните инсталации, обезбедува и одговара за напојувањето со електрична енергија на објектите на МРТ и осветлување преку мрежно и резервно (агрегатско) напојување.

 

Одделение за противпожарна заштита, ги врши работите од областа на противпожарната заштита на објектите и вработените во МРТ во вонредни состојби и проверка на исправноста на противпожарните инсталации и инструменти.

 

Одделение за физичко и техничко обезбедување, се грижи за физичката и техничката безбедност во МРТ. Физичкото обезбедување се однесува на објектите на МРТ, обиколка околу истите и безбедноста на вработените во објектите на МРТ. Техничката безбедност се однесува на следење на безбедносната состојба  во МРТ преку камери и други технички уреди.

 

Одделение за возен парк се грижи за одржување на возилата на МРТ, превоз на ТВ и РА екипи на настани и други снимања.

 

Одделение за логистичка подршка  се грижи за логистичка подршка во давање на општи работи за потребите на МРТ.

 

5. СЕКТОР ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОМОЦИЈА

 

Секторот за маркетинг и промоција ги планира и подготвува сите економско-пропагандни и комерцијални програми, изготвува медија планови за реализација на обврските на МРТ, води преговори со Агенциите за маркетинг по налог на Работоводниот орган на МРТ и се грижи за целокупната медиска презентација и промоција за потребите на МРТ.                                                     

Секторот за маркетинг и промоција работите од својот делокруг ги врши преку следниве внатрешни организациони единици:

 

o   одделение за промоција

o   одделение за продажба

 

Одделение за промоција ја истражува и анализира гледаноста на програмите и дава анализи и предлози за подобрување на програмите и програмската шема, изготвува план за промоција на сопствената програма, ја промовира сопствената програма на своите и други медиуми, осмислува и извршува ПР кампањи.

 

Одделение за продажба, комуницира со клиенти и го нуди на продажба рекламниот простор на програмите на ЈП МРТ, ја промовира прогамската понуда кај своите клиенти, склучува договори за продажба на рекламен простор со своите клиенти; осмислува понуди за настани кои се од големо значење и ги приложува на усвојување до Управниот одбор на МРТ и по усвојувањето истите ги нуди на продажба; ги спроведува нарачаните медиа планови од клиентите; изготвува и доставува фактури за извршените услуги; се грижи за навремена наплата на извршените услуги.

 

III  ПРОЕКТНА ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА                                           

Член 24

Проектната организираност се воведува при реализација на програмски и други проекти што не можат да се извршат со утврдената  организациона структура. Нејзина цел е изведување проект во утврдени временски термини, со утврдени трошоци и синхронизирано со однапред утврдени цели. Овој облик на организирање опфаќа заедничка одговорност на лицата вклучени во изведување на проектот.

Со решение на Работоводниот орган се именува  раководител за реализација на проект од став 1 на овој член и се одредуваат вработени од различни организациони целини што ќе соработуваат на проектот.

 

IV  РАБОТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ОВЛАСТУВАЊА И ОДГОВОРНОСТИ

 

Член 25

Посебни овластувања и одговорности кон Управниот одбор имаат:

o  Работоводен орган на МРТ

 

Посебни овластувања и одговорности кон Работоводниот орган имаат:

o   Одговорен уредник на прв програмски сервис- МРА,

o   Одговорен уредник на втор програмски сервис - МРА,

o   Одговорен уредник на трет програмски сервис - МРА,

o   Одговорен уредник на Радио програмски сервис преку сателит и посебни Радио програми  - Радио Македонија,

o   Одговорен уредник на прв програмски сервис - МТВ,

o   Одговорен уредник  на втор програмски сервис  МТВ,

o   Одговорен уредник на сателитски сервис на МТВ1,

o      Одговорен уредник на сателитски сервис на МТВ2,

o      Одговорен уредник на собраниски сервис на МТВ,

o      Директор на музичка продукција

o      Директор на заеднички функции

o      Помошник на Извршниот директор на МРТ

 

Директорот на МТВ е координатор помеѓу Првиот, Вториот, Сателитските и Собранискиот сервис, а негова примарна задача е квалитетната изведба (производство, обликување, конципирање и емитување на ТВ програмата) и координирање на работата со програмските служби (одделенија за план, координација, евиденција, статистика и истражување на програмата,  документација и ВЕБ и телетекст).

Директорот на МРА е координатор помеѓу Првиот, Вториот, Третиот и Сателитскиот сервис, а негова примарна задача е квалитетната изведба (производство, обликување, конципирање и емитување на РА програмата) и координирање на работата со програмските служби (оделенија за координација, промоција и евиденција, аудио документација и фонотека).

 

Член 26

 

Управниот одбор на МРТ, потпишува индивидуални договори за вработување со работоводниот орган (два извршни директори и два заменици извршни директори).

Работоводниот орган, склучува индивидуални договори за вработување со одговорните уредници на сервисите, Директори на МТВ и МРА, Директорот на музичка продукција и Директорот на заеднички функции.

V СОВЕТОДАВНО ТЕЛО ЗА РАКОВОДЕЊЕ ВО МРТ

                                                       

Член 27

Советодавно тело на Работоводниот орган на МРТ е колегиумот.

Колегиумот го сочинуваат: Работоводниот орган на МРТ, Директорот на Македонска телевизија, Директорот на Македонско радио, Одговорните уредници на сите програмски сервиси, Директорот на музичка продукција и Директорот на заеднички функции.

 

VI ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 28

Составен дел на овој Правилник е организационата шема Органограмот.

Член 29

Иницијатива за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на МРТ на Работоводниот орган можат да му поднесат Директорот на МРА, Директорот на МТВ, Директорот на заеднички функции и  раководителите на првото и второто организационо ниво.

Предлогот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на МРТ го предлага Работоводниот орган, а го усвојува Управниот одбор на МРТ.

Член 30

Измени и дополнувања на овој Правилник се вршат на начин и по постапка утврдена за  негово донесување.

Член 31

Правилникот за внатрешна организација стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето на огласната табла на МРТ, а ќе се применува по усвојување на преостанатите акти во врска со организацијата и систематизацијата на МРТ.         

     

Член 32

Со стапувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за организација и систематизација на работните места бр. 01-20/2 од 08.01.2004 година со сите негови измени и дополнувања и Правилникот за внатрешна организација бр.01-5797/1 од 12.09.2007 година кој е донесен на 12.09.2007 година, но кој не е применет.

Останатите општи акти ќе се донесат во рок од 6 месеци од донесувањето на овој Правилник.

 

УПРАВЕН ОДБОР НА ЈП МРТ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Дарко Стефановски