Ракомет, ЕП во Полска финишира со двобоите за распределба на медалите

Шпанија и Германија по златниот медал

31.01.2016 10:54

В недела во Таурон арената во Краков втора битка меѓу Шпанија и Германија во Полска. Вкупно 8 –ма на овие првенства на кои Шпанија води со 5-1 во победи. Оваа за злато за разлика од првата во Вроцлав кога на отворањето на групната фаза...

Германија – Шпанија во двобојот за злато на 12-то ЕП во полска. Норвешка и Хрватска се актери во утешното мало финале. Ова, е епилогот за поделба на одличјата, откако меѓу четирите најдобри на првенството само германците имаа титула и тоа онаа од пред 11 години  во Словенија. Актерите на последните две битки за бронза на шампионатите во Србија и во Данска, Шпанија и Хрватска добија нова шанса за прво ракометно злато на стариот континент. Но, имаше место само за еден, а тоа во Полска го обезбеди црвената фурија.

Значи в недела во Таурон арената во Краков втора битка меѓу Шпанија и Германија во Полска. Вкупно 8 –ма на овие првенства на кои Шпанија води со 5-1 во победи. Оваа за злато за разлика од првата во Вроцлав кога на отворањето на групната фаза, тогаш апсолутниот фаворит Шпанија славеше со три разлика над подмладената Германија, која речиси никој не ја гледаше во финале.

Сега, голем предизвик стои пред оваа нова германска генерација за одмазда, но против искусната шпанска селекција која силно го посакува првото злато од европските ракометни самити. Трите претходни обиди против Русија, Шведска и последниот пред 9 години против Франција беа неуспешни. Германија со само еден ракометар кој настапува во странство и со свежа крв, ги враќа спомените на златните од Словенија 2004-та.

Петото полуфинале го претворија во трета финална битка, која без оглед на исходот им носи вкупно четврти медал од евро-шампионатите. За разлика од нив, Хрватска го загуби и третото полуфинале по ред на европските шампионати и по Србија и Данска  пак ќе брка утешна бронза, но не против Шпанија туку против сензацијата на овој турнир, Норвешка. За скандинавците новото изненадување против фаворитот по она во групата во Катовице би било вредно историска бронза и посјајно од сензационалните триумфи потоа над домаќинот и против Франција.

А блиску до финале беа и во драматичниот расплет  со германците кои по две продолженија со 34-33 ги срушија соништата на норвежаните за историски дострел. Шпанците кои нешто помирно од хрватите излегоа и од првата и од главната рупна фаза, одиграа најдобро кога беше најпотребно и со 32-29 ја елиминираа Хрватска која не успеа да ја сочува менталната сила на нивото од фуриозниот триумф над Полска.

Големото финале Шпанија - Германија  в недела од 17.30 на МТВ, претходно во увертрирата за бронза од 15 часот ќе ги гледате Хрватска и Норвешка.

Југослав Костовски