Сезоната е во ек, но во ЖРК Вардар се подготвуваат и за новата

03.02.2016 14:15

Лакрабер ќе ја засили десната бековска позиција кај македонскиот шампион.Во моментот настапува за екипата на Ница и е втор стрелец во францускиот шампионат ...

Во очекување на мечот со Савехов во лигата на европските шампиони и со непроменети амбиции за настап на завршниот турнир на најдобрите 4 во елитната лига, македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Вардар веќе го оформува тимот и за следната сезона. А во неа засега вардарки ќе бидат посилни за две квалитетни ракометарки:Со  норвежанката Камила Херем и со француската репрезентативка Александра Лакрабер.Херем игра на позиција лево крило и беше меѓу најдобрите ракометркли во составот на актуелниот светски првак Норвешка на декеврискиот шампионат во Данска.Во екипата на Вардар по завршувањето на тековната сезона ќе дојде од данскиот состав Холстебро, а зад себе има  10 сезони настапи во лигата на шампионите и повеќе од 170 натпревари за норвешката селекција со која има златни медали од сите големи манифестации.

Лакрабер ќе ја засили десната бековска позиција кај македонскиот шампион.Во моментот настапува за екипата на Ница и е втор стрелец во францускиот шампионат со безмалку 7 голови во просек по натпревар,со Звезда Звенигород има искуство од лигата на шампионите,а со француската репрезентација има европска бронза и сребро од светските првенства. Според информациите од клубот,29 годишната Херем се обврзала со двегодишен договор со македонскиот шампион,а година помладата Лакрабер во Скопје ќе биде најмалку една сезона со можност за продолжување на договорот.