Самсунг - лидер во продажба на паметни телефони

05.02.2016 11:29

Благодарение на успешната продажба, Самсунг е водечки на пазарот, а на второ место е Епл кој продаде 231 милион уреди.

Компанијата Самсунг продаде 320 милиони уреди во текот на 2015 година, што е повеќе за три милиони во однос на 2014 година. Благодарение на успешната продажба, Самсунг е водечки на пазарот, а на второ место е Епл кој продаде 231 милион уреди.

Хуавеи моментално е трета најуспешна компанија на светот која продава „паметни‟ телефони, а со своите резултати ги надмина компаниите Леново и Моторола. Кинескиот производител продаде 107 милиони уреди во 2015 година, а во 2014 година тој број изнесувал 74 милиони.

Леново-Моторола се наоѓа на четврто место, а на петто е компанијата Ксиаоми.

Вкупно, глобалната продажба на смартфони порасна 12 отсто, а продадени се вкупно 1,4 милијарди уреди.