Њујорк- најпопуларна дестинација за туристите

05.02.2016 11:31

Шеста година по ред бројот на туристите во Њујорк расте, речеиси 60 милиони луѓе го посетиле овој град минатата година...

Дали можете да претпоставите кој град во САД е најпопуларна дестинација за странските туристи?

Шеста година по ред бројот на туристите во Њујорк расте, речеиси 60 милиони луѓе го посетиле овој град минатата година.

Регистрирани се исто така рекорден број резервации за над сто илјади хотелски соби во Њујорк, според податоците на официјалната компанија за туризам и маркетинг на градот.

Една петина од посетителите или околу 12 милиони туристи биле странци, а најголем дел од нив допатувале од Велика Британија, Канада, Бразил и Кина.