Метеопатија, модерна болест

22.01.2014 16:06

Ве вртат коските? Ве боли главата без посебна причина?

Ве вртат коските? Ве боли главата без посебна причина? Меланхолијата и депресивното расположение што ги создаваат температурните разлики, еден ден топло и сончево, друг студено и врнежливо, навистина им здодеа на многумина, а особено на метеопатите. Модерна болест што не избира возраст.  Сепак, временската промена најмногу ја чувствуваат хронично болните.

„Пациентите во ова време најмногу се жалат на вирусни инфекции што го зафаќаат респираторниот тракт, на кашлица, на повремена температура, кај некои се појавуваат дури и почесто, имаме и веќе регистрани случаи на грип. Хроничните болни се жалат на замор, на отежнато дишење, на главоболки. Овој период е ризичен особно за хронично болните“. Вели Јованка Костова, матичен лекар

Хроничните болни и метеопатите би требало редовно да ја следат прогнозата и да се однесуваат според упатствата. Хронично болните се оние коишто имаат најголем проблем со промената на времето. Лекарите препорачуваат редовно да ја земаат терапијата, а доколку дојде до посериозен проблем да се обратат кај матичнипот лекар.

Ана Јосифоска