„Макфест“ со привлечни награди

22.01.2014 16:06

Фестивалот за забавна музика „Макфест“ годинава ќе се одржи последниот викенд во мај 2014 година, а финансиски ќе биде поддржан од страна на Министерството за култура.

Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов вели дека во тек се конкурсите за избор на директори на фестивалот и за песни.

- Што се однесува за конкурсот за директори распишан е уметнички и технички директор и истиот истекува на 27-ми јануари. Конкурсот беше објавен во два дневни весника, а што се однесува до мелодиите тој истекува на 27-ми март, вели Ристов.

Тој додава дека наградите за фестивалот „Макфест“ ги доделува Министерството за култура односно Владата, кои го квалификуваат фестивалот од национален карактер и од национално значење.

Победникот на „Макфест“ ќе добие награда од 20.000 евра, потоа 15.000 евра за второ наградената песна и 10.000 евра за трето места. Парични награди се обезбедени и за најдобар дебитант и за најдобар сценски настап.

Авторите кои ќе конкурираат на „Макфест“ се должни да достават оригинална композиција, напишана за глас и ревиски оркестар, во духот на македонскиот евергрин шлагер. Годинава изведбата на композициите на фестивалот ќе биде во живо и со придружба на оркестарот на МРТВ.