Црвено-црните моќни,Струмица под регионалното ниво

08.02.2016 16:21

По тешкиот пораз во Подгорица,убедливиот триумф над шведскиот шампион за ракометарките на Вардар дојде како мелем на рана.За враќање на самодовербата,за потврда дека играат добар ракомет во пресрет на двата најзначајни дуела во групата што ќе го одредат и четвртфиналниот противник на македонскиот шампион...

Победа над Савехоф во вистински момент.По тешкиот пораз во Подгорица,убедливиот триумф над шведскиот шампион за ракометарките на Вардар дојде како мелем на рана.За враќање на самодовербата,за потврда дека играат добар ракомет во пресрет на двата најзначајни дуела во групата што ќе го одредат и четвртфиналниот противник на македонскиот шампион.Откако Будуќност и Ѓер со по 11 бодови и со три повеќе од Вардарки се издвоија на врвот на табелата станува јасно дека Вардар шансата за избегнување на 4-тото место-последно што води во нок-аут четвртфиналниот филтер,а со тоа и избегнување на елиминациска пресметка со неприкосновениот Ростов во првата група ќе ја баррат на гостувањето против Букурешт на 16-ти месецов и со Будуќност дома 5 дена потоа, иако според распоредот со евентуален 100настотен ефект можат да претендираат и на позиција повисоко.

Без оглед на проблемите со отсуството на оперираниот Карачиќ,суспендираните Стоилов и Манасков и  заминувањето на Лацковиќ,ракометарите на вардра демонстрираа моќ во сеха лигата со две сигурни победи за помалку од 24 часа над Борац и Нексе,но вистинското искушение го очекува веќе в четврток.Првиот од 4-те преостанати натпревари од групната фаза во елитната лига на шампионите ќе го одиграат на гости кај Борко Ристовски и Рајн Некар Левен.Германците есеноска беа демолирани во Скопје,па сега на Вардар е да покаже моќ и во реваншот и да ги потврди високите амбиции за пласман на завршниот турнир на најдобрите 4 екипи во елитната лига.

Не е елитма,но и регионалната се покажа како преголем залак за екипата на Макс Струмица.Рекордниот пораз кај Веспрем дефинитивно го руши тешко стекнатиот углед на мак ракометот,без оглед на оправдувањата дека сега е најважно што струмичкиот клуб успеал да преживее соочен со можното згаснување.Проценките за квалитетот,можностите и пред се буџетот треба и мора да се прават пред почетокот на сезоната ,вака тешко некому ќе ја објасните разликата од 34, не кошеви туку голови разлика.