Францускo кино во Кинотека

22.01.2014 16:11

Утре во 20 часот, во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот “Брана на Пацификот”, на повеќекратно наградуваниот режисер Рити Пан, со извонредната Изабел Ипер и Гаспар Илијел.  

 Со овој филм почнува новата сезона на францускиот кино клуб во организација на Францускиот институт во Скопје. Се работи за драма, адаптација на истоимениот роман на француската писателка Маргерит Дирас, кој беше оценет како „одлична екранизација на книжевното дело на Дирас“,или како „филм со мистична алхемија, која двочасовно го обвива гледачот“ .Филмот е со превод на македонски јазик. 

Александра Перевска