Подароците на доделувањето на Оскар вредни околу 200.000 долари

09.02.2016 11:42

Оваа година меѓу подароците се патувања во Израел и Јапонија вредни по 50.000 долари, козметика, купон за „вампирско подигање на гради“, храна за домашни миленичиња вредна шест илјади долари, но и пакување луксузна тоалет хартија вредна околу 300 долари, пишува ТМЗ.

Доделувањето на наградата Оскар ќе се одржи по 88. пат во театарот Долби во Лос Анџелес на 28 февруари, а како и секоја година и оваа година славните личности ќе добијат торба полна со подароци и тоа само заради тоа што се појавиле на тоа случување.

Оваа година меѓу подароците се патувања во Израел и Јапонија вредни по 50.000 долари, козметика, купон за „вампирско подигање на гради“, храна за домашни миленичиња вредна шест илјади долари, но и пакување луксузна тоалет хартија вредна околу 300 долари, пишува ТМЗ.

Само за актерките резервирана е и секс играчката „Arouser“ која чини 250 долари.

Вкупната вредност на пакетите подароци изнесува околу 200.000 долари.