Блиску до победа, на чекор до реми, сепак пораз

11.02.2016 21:41

Вардар загуби на гостувањето кај Рајн Некар,иако одигра одлично прво полувреме,падна на почетокот на второто што резултира со серија на германците од 4-0,пресврт и конечна минимална победа со 28-27...

По првите 30 минути најави дека е блиску  до победа,во финишот заслужи барем реми ,а на крајот пораз. Вардар загуби на гостувањето кај Рајн Некар,иако одигра одлично прво полувреме,падна на почетокот на второто што резултира со серија на германците од 4-0,пресврт и конечна минимална победа со 28-27. Ремито вардарци го пропуштија во последниот напад кога Брумен не успеа да го совлада Апелгрен за значаен бод во битката за што повисок пласман пред осминафиналето.

И традицијата беше на страната на црвено-црните кои имаа три победи во претходните 3 дуела со Рајн Некар.По израмнетиот почеток во 19-тата минута Вардар поведе со 10-7,предност што ја задржа до полседните 40-тина секунди од првото полувреме кога домаќините со 2 брзи гола повеќе како резултат на невнимание на нашиот првак намалија на 14-15.Стартот на ворото им припадна на домаќините влегоа во серија од 4-0 поведоа со 19-17 ,но Вардар брзо се врати и го однесе натпреварот во завршница гол за гол во која нијансите без на страната на Рајн Некар,а и двете одбрани на Апелгрен  за конечен триумф со 28-27.

Шмид со 9 погодоци беше најефикасен на натпреварот,Апелгрен забележа 5 одбрани,а успешно деби кај лидерот во бундес лигата имаше и Борко Ристовски со 6 интервенции.

Во составот на Вардар ,Горбок постигна 7 гола,Душебаев 5,исто толку и Дибиров ,но 4 од пенал што со двата на Шишкарев беа недоволен ефект од игра на крилата,а скромен беше придонесот  и на Штербик со 7 интервенции.