120 Години ВМРО, 23 Години ВМРО - ДПМНЕ

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерната борба

24.10.2013 10:25

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври-Денот на македонската револуционерната борба.

- Овој светол ден е темелот на кој што започна да се гради идејата за слободна и самостојна македонска држава. Заветот кој беше даден пред 120 години живееше и ги водеше Македонците низ сите премрежија низ кои поминуваше нашата татковина. Револуционерниот идеал беше водилката низ Илинденската епопеја од 1903, национално ослободителната партизанската борба која се круниса со АСНОМ и конечно 8 Септември кога се оствари сонот на Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџиниколов, Андон Димитров и Христо Батанџиев, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ. 
 
Идејата, како што посочуваат од партијата, е иста и во 1893 година и во 1903 година и во 1944 година и 1991 година.
 
- Идејата е слобода за Македонија. За овој идеал се бореа и жртвуваа илјадници храбри синови на Македонија и затоа денес се поклонуваме пред нивниот самопрегор. Ние како генерација имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја, се истакнува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерна борба.