Конкурс за фестивалот „Цветници“ 2016

16.02.2016 12:20

Македонската Радио Телевизија распишува конкурс за избор на оригинални, новосоздадени авторски песни во духот на македонската фолклорна музичка традиција, коишто ќе бидат изведени на фестивалот „Цветници“ 2016- та.

 

-Песните  коишто ќе бидат испратени на конкурсот, треба да бидат во духот на македонската  мелопоетска традиција, со текст на македонски јазик, со задржани ритмичко-мелопоетски структури, со слобода за современи хармонски и аранжерски авторски решенија.

-На конкурсот учествуваат комплетни авторско– изведувачки тимови, со композиции снимени  како квалитетна демо снимка со вокал кој добро ќе ја изразува музичко – текстуалната смисла на композицијата, и текст во три примероци, на аудио ЦД формат.

-Еден авторско изведувачки тим  може да учествува на конкурсот со повеќе композиции.

-Вкупното времетраење на композициите не смее  да надминува 4 минути, а истите не смеат да бидат претходно изведувани или снимени на носач на звук.

-Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување на песните со Големиот Народен Оркестар, како и издавање на композициите коишто ќе бидат примени на конкурсот.

-Секоја композиција селектирана на конкурсот, ќе добие финансиски надомест од 42.000 денари за комплетниот авторско– изведувачки тим распределена по 25 % за музика, текст, аранжман и изведувач на композицијата.

-Фестивалот „Цветници“ 2016, ќе има натпреварувачки карактер, при што за конечниот пласман  одлучуваат гласовите на телевоутинг и стручно жири во сооднос 50:50 %.  Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 600.000 денари, второплсираната со сума од 450.000 денари и третопласираната композиција на фестивалот со сума од 300.000 денари распределена по 25% за музика, текст, аранжман и изведувач на композицијата.

-Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.

-Песните за конкурсот со демо снимка на ЦД, во затворен коверт, се испраќаат по пошта на адреса: Македонска  Радио Телевизија, со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ „ЦВЕТНИЦИ“ 2016, бул. „Гоце Делчев“ број 18, 1.000 Скопје, или се доставуваат директно во архивата на ЈП МРТ.

-Конкурсот трае од 8-ми февруари до 25-ти февруари 2016- та година.

-Материјалите пристигнати на конкурсот, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.