Фудбал, Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви

Главната сцена за Рома и за Реал Мадрид

17.02.2016 15:42

Спалети не признава дека Реал е фаворит, напротив смета дека Рома има најмалку 50 проценти шанси, иако е свесен дека за успех неговите фудбалери ќе треба да одиграат перфектни мечеви. Зидан не бега од притисокот што го следи Реал као десеткратен европски шампион, ја цени Рома, но е убеден дека неговата екипа е подготвена.

Осминафиналето во Лигата на шампионите е најголем успех за Гент и Волфсбург, но главната сцена сепак ќе им припадне на Рома и на Реал Мадрид. На деветото меѓусебно соочување му претходат богата историја и интересна статистика, но најважно е што и двете екипи имат иста амбиција, четвртфинале.

Спалети не признава дека Реал е фаворит, напротив смета дека Рома има најмалку 50 проценти шанси, иако е свесен дека за успех неговите фудбалери ќе треба да одиграат перфектни мечеви. Зидан не бега од притисокот што го следи Реал као десеткратен европски шампион,  ја цени Рома, но е убеден дека неговата екипа е подготвена.

Кога римјантие последен пат влегоа меѓу осмуте најдобри тоа го направија со две победи од по 2:1 против кралскиот клуб и предводени токму од Спалети. Реал нема триумф на осум гостувања по ред во Италија, но има три победи и само еден пораз на Олимпико.

Бејл и Пепе се повредени, Марсело се опорави, исто како и Тоти и Де Роси кои беа дел од славеничкиот состав во 2008-ма.

Откако Спалети го замени Раул Гарсија, Рома врза четири победи, за вториот дел од сезоната се засили со Ел Шарави, Пероти и Зукановиќ. По смената на Бенитез, мадриѓани под водство на Зидан остварија пет триумфи и само едно реми, при тоа постигнаа 24, а примија пет гола. Нема нови имиња во Реал којшто заедно со Барселона се единствените екипи во елитата без пораз.

Преносот од дуелот Рома - Реал ќе биде на „Прва“ во 20.45.

Дебитантот Гент до осминафиналето дојде преку Валенсија и Лион, екипата на Волсфсбург, пак, во втората своја сезона историскиот успех го оствари како најдбра во групата пред ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и ЦСКА Москва. Фудбалерите и на двата тима лошо ја почнаа 2016-та во домашните првенства, веројатно возбудени од големината на Лигата на шампионите.