Фолклорен фестивал во Вевчани

17.08.2013 22:59

Од денеска до 19 август во Вевчани ќе се одржува Меѓународниот фолклорен фестивал „Пображење“, на кој и годинава ќе биде претставена македонската култура и традиција со учество на домашни ансамбли и етно состави, но и културното наследство на Турција, Србија, Романија, Бугарија и Црна Гора.

Во рамки на фестивалот ќе има научна вечер на тема „Играорната традиција во Вевчани, достоинствен чувар на македонската изворна култура 1947-1973-2013“, на која ќе говорат етномузикологот Велика Стојкова-Серафимовска,  етнологот Блаже Палчевски, универзитетскиот професор Рубин Земон, наставникот по музика Аргил Мукоски и хроничарот на Вевчани Анастас Кусковски.