Кина

Јанкулоска го посети Тренинг центарот на специјалните полициски сили на Кина

24.10.2013 10:46

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска оствари средба со челните луѓе на полициските вооружени сили на Кина

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска, во рамки на посетата на Народна Република Кина, беше во Академијата и тренинг центарот на специјалните полициски сили каде оствари средба со челните луѓе на полициските вооружени сили. 
 
Како што соопшти МВР, при посетата на Јанкулоска и беа демонстрирани капацитетите, начинот на работа и ингеренциите на единиците кои покриваат физичко обезбедување, антитерористички активности, спречување на нарушувањата на јавен ред и мир, помош при катастрофи и непогоди,... 
 
Во текот на разговорите двете страни понудија можност за размена на искуства и знаења. 
 
Министерката Јанкулоска утре во Шангај ќе го посети седиштето на шангајската полиција.