Индиска фирма произведе најевтин смартфон од 3,47 долари

22.02.2016 17:26

Телефонот има меморија од 8 GB и камера на предната и задната страна. Се очекува Freedom 251 да биде најдоминантен евтин уред.

Индиска компанија произведе најевтин паметен телефон на светот. Компанијата Рингинг Белс соопшти дека нејзиниот телефон Freedom 251 ќе чини помалку од 500 рупии (7,3 долари), но на првиот ден на продажбата ќе чини 3,47 долари. 
 
Телефонот има меморија од 8 GB и камера на предната и задната страна. Се очекува Freedom 251 да биде најдоминантен евтин уред.
 
„Ова е наш водечки модел и сметаме дека ќе донесе револуција во индустријата‟ - рече портпаролката.
 
Фирмата моментално увезува делови преку океанот и потоа ги составува во Индија, но планираат да прават телефони од домашни делови за една година. Компанијата Рингинг Белс покрената е пред неколку месеци и до сега во продажба го пушти најевтиниот 4G паметен телефон по цена од 2.999 рупии (43,7 долари).
 
Индија е втор најголем пазар на мобилни телефони и има една милијарда мобилни претплатници.