Фудбал – Лига на шампионите, осминафинале

Барселона сигурна, Јувентус ги задржа шансите

24.02.2016 19:32

Меси има 82 гола во Лигата на шампионите, седум помалку од Кристијано Роналдо - водечкиот на вечната листа на којашто од Германците највисоко котираат двајца фудбалери со исто презиме.

Судејќи според резултатот од првите 90 минути, Арсенал нема да ја изнегне судбината од претходните судири со Барселона во Лигата на шампионите. Загубеното финале во 2006-та и елиминацијата во четврфтфиналето во 2010-та и во осминафиналето во 2011-та ќе се повторат и сезонава. Триумфот на Барселона на „Емирати“ со 2-0 ќе му овозможи мирен реванш на бранителот на европскиот трон којшто има пет победи, две нерешени и само еден пораз од лондонскиот тим.

Лео Меси во 71-тата од игра и во 83-тата минута од пенал се чини дека ја запечати судбината на Арсенал. Меси има 82 гола во Лигата на шампионите, седум помалку од Кристијано Роналдо - водечкиот на вечната листа на којашто од Германците највисоко котираат двајца фудбалери со исто презиме. Герд Милер има гол повеќе од Томас Милер и многу веројатно е дека набргу позициите ќе им бидат променети.

Томас Милер вчера го постигна 34-от во прстижното друштво за водство на Баерн на „Јувентус арена“ со 1-0. А кога робен зголеми на 2-0 се чинеше дека и овој двомеч ќе заврши предвреме. Но Дибала и Стураро му овозможија на ланскиот финалест Јувентус да патува на „Алијанц“ со нерешени 2-2. Тоа значи дека италијанскиот првак мора да даде гол и да се обиде да слави вторпат во петтото гостување во Минхен.

На Јуве ќе му одговара и реми со повеќе од два гола, а тоа значи дека треба да притисне. Досегашните четири меѓусебни пресметки на германска трева продуцираа ниту еден, еден, два и три гола. Можеби Баерн и Јувентус ќе ни понудат нова четворка, како вчера во Торино?!