Министерката за култура во работна посета на Гевгелија

23.01.2014 15:35

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојуваше во работна посета на Гевгелија каде што оствари средба со градоначалникот Иван Франгов на која  присуствуваа и директорите на Народниот музеј од Гевгелија, Емил Сламков, и на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, Васил Георгиев.

Во рамките на престојот, министерката Канческа-Милевска, во придружба на градоначалникот Франгов и директорите Сламков и Георгиев, го посети објектот на Градската библиотека „Гоце Делчев“ каде што се завршени конзерваторско-реставраторските работи на фасадата на овој значаен споменик на културата.