Фудбал УЕФА Европа Лига - осминафинале

Историска европска пресметка на Ливерпул и Манчестер Јунајтед

26.02.2016 20:09

Дури седум екипи сезонава беа дел од Лигата на шампионите, меѓу шеснаесетте има четири европски шампиони и седум екипи коишто го освојувале Купот на УЕФА или сегашната Европска лига.

Иако од минатата сезона во оваа фаза има само две екипи Севилја и Вилјареал, за квалитетот на осминафиналниот сегмент на УЕФА Европа лигата потврдуваат неколку факти. Дури седум екипи сезонава беа дел од Лигата на шампионите, меѓу шеснаесетте има четири европски шампиони и седум екипи коишто го освојувале Купот на УЕФА или сегашната Европска лига. Извлекувањето беше немилосрдно, па по 194 пресметки прваат во Европа ќе го соочат натрофејните англиски екипи Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Некогашниот европски првак Борусија Дортмунд ќе игра со првиот освојувач на Купот на УЕФА, Тотенхем. Во шпанскиот дуел ќе се спротивстават Атлетик Билбао и Валенсија. Градот Базел ќе биде домаќин на финалето, но може ли фудбалската екипа да го елиминира победникот од последните две сезони, Севилја.

И другите дуели на 10-ти и на 17-ти март нема да бидат ништо помалку интересни: Вилјареал - Баер Леверкузен, Шахтјор - Андерлехт, Спарта Прага - Лацио и Фенербахче - Брага.