Фудбал

Џани Инфантино нов претседател на ФИФА

26.02.2016 20:11

Изненадувачи брзо, Инфантино во вториот круг ја мина границата од потребните 104 гласа, освои 115 или 27 повеќе од главниот конкурент, шеикот од Бахреин, Бин Ибрахим Ал Калифа кој е и прв човек на азиската конфедерација...

По 17 годишното владењее на Сеп Блатер и по корупцискиот скандал, Џани Инфантино е избран за нов претседател на ФИФА со мандат до 2019-та година. Изненадувачи брзо, Инфантино во вториот круг ја мина границата од потребните 104 гласа, освои 115 или 27 повеќе од главниот конкурент, шеикот од Бахреин, Бин Ибрахим Ал Калифа кој е и прв човек на азиската конфедерација. Јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин доби само четири, додека Французинот Жером Шампањ ниту еден глас на вонредното собрание во Цирих. Претходно, кандидатурата ја повлече Јужноафриканецот, Токио Сексвел.

45- годишниот  швајцарски адвокат со италијанско потекло, Инфантино 15 години е дел од УЕФА, а седум на функцијата генерален секретар. „Ќе работиме заедно, ќе изградиме нова ера и ќе го вратиме угледот и фудбалот на главната сцена. Ќе бидам претседател на сите 209 нации“, изјави новиот предводник на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино кој има идеа на мундијалот да играат 40, а не 32 репрезентации.