Кошарка - НБА

Нов рекорд на Кари

26.02.2016 20:13

Кошаркарот на Голден Стејт, 128 натпревар по ред постигна најмалку една тројка, односно десет во победата на шампионот на гости кај Орландо со 130:114.

Петте ноќешни НБА натпревари минаа во знакот на уште еден рекорд на Стефон Кари. Кошаркарот на Голден Стејт, 128 натпревар по ред постигна најмалку една тројка, односно десет во победата на шампионот на гости кај Орландо со 130:114.

Сан Антонио славеше кај Јута со 96:78, Оклахома се почесто губи, овојпат на гостувањето кај Њу Орлеанс со 123:119, на противнички паркет триумфираа Бруклин во дуелот со Феникс со 116:106, како и Хјустон против Портланд со 119:105, додека Бостон дома беше подобар од Милвоки со 112:107.