Одбојка – Прва лига на Македонија, 10. коло

Шутова победи во дербито, Струмица остана прва

27.02.2016 19:30

Во 10-тото коло, кичевскиот состав беше поуспешен со 3-1. Натпреварот мина во рамноправна игра, иако кај актуелниот првак во составот не беа Ристо Николов, Ристо Балџиев и Владо Милев, тројца влијателни одбојкари....

Шутова го доби дербито, но Струмица го задржа првото место по вториот круг во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Во 10-тото коло, кичевскиот состав беше поуспешен со 3-1. Натпреварот мина во рамноправна игра, иако кај актуелниот првак во составот не беа Ристо Николов, Ристо Балџиев и Владо Милев, тројца влијателни одбојкари. Решаваа нијанси во сите сетови, подобар блок и ас или повеќе сервис грешки. Капитенот Ајети ја предводеше Шутова во клучните моменти, Трајчевски повлече во првиот сет, примачот Андонов беше константен во нападот.

Струмица се потпре на поврастникот на позиција техничар Ангел Николов и на репрезентативците Васе Михаилов и Филип Маџинков. Првиот сет и припадна на Шутова соп 25-21, на идентичен начин врати Струмица во вториот, иако противникот поведе со 14-10. Единствено во третиот сет Шутова создаде повисока предноста, 25-18, а во чњетвртиот сет се играше на разлика. Шутова ја искористи втората сет-топка за 26-24 и за деветта победа во десеттитот натпревар сезонава.

Струмица има ист биланс, но поради тоа што во првиот меѓусебен дуел победи со 3-0, се наоѓа на првото место на табелата во пресрет на третиот круг од лигашкиот дел. По него ќе има разигрување за титулата, а јасно е дека главниот збор ќе го имаат денешните ривали од дербито во преполната сала во Кичеио.