Оскари 2016: Златната статуетка конечно во рацете на Ди Каприо

29.02.2016 10:13

Филмот „Разоткривање“ на режисерот Том Макарти ја доби наградата за најдобар филм. Максиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту го освои оскарот за најдобра режија за филмот „Повратник“...

Во Долби театарот во Лос Анџелес синоќа се одржа 88 доделување на една од најпрестижните филмски награди. Леонардо Ди Каприо го освои оскарот за најдобар актер во филмот „Повратник“, додека истата титула во женска категорија ја доби Бри Ларсон за улогата во филмот „Соба“.

Филмот „Разоткривање“ на режисерот Том Макарти ја доби наградата за најдобар филм. Максиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту го освои оскарот за најдобра режија за филмот „Повратник“, откако лани беше награден во истата категорија за филмот „Човекот Птица“.

Титулата најдобра машка споредна улога му припадна на Марк Рајленс во филмот „Мост на шпиони“, додека пак Оскарот за најдобра женска споредна улога го доби шведската актерка Алисија Викандер за филмот „Девојката од Данска“.