Фудбал

Галатасарај надвор од Европа една година

02.03.2016 19:51

Во последните две години, славниот турски клуб се обиде да ги почитува правилата, па на пример го продаде Јилмаз во Кина, но не успеа да ги анулира 125 милиони евра...

Поради нарушување на финасискиот фер - плеј, УЕФА го казни Галатасарај којшто следната сезона нема да има право да игра во некој од европските купови. Во последните две години, славниот турски клуб се обиде да ги почитува правилата, па на пример го продаде Јилмаз во Кина, но не успеа да ги анулира 125 милиони евра коишто ги потроши во четирите сезони пред тоа. Иако играше во Лигата на шампионите, великанот од Истанбул во моментов должи 134 милиони евра.

Дваесеткратниот и актуелен шампион на Турција, не е во конкуренција за домашната титула, тренерот Мустафа Денизли поднесе оставка, а навивачите се загрижени дека поради високите плати екипата ќе ја напуштат двете најголеми ѕвезди, Весли Снајдер и Лукас Подолски.