Фудбал - Kуп на Mакедонија (полуфинале)

Работнички и Шкендија со предност во реваншите

02.03.2016 19:53

Четирикратниот куп - освојувач, Работнички извлече 1:1 на гостувањето кај Брегалница којашто беше домаќин во Кочани.

Куп натпреварувањата се интересни и затоашто во нив нема апсолутни фаворити, но Работнички и пред се  Шкендија не дозволија изненадувања во првите мечеви од фудбалsкото полуфинале.

Четирикратниот куп - освојувач, Работнички извлече 1:1 на гостувањето кај Брегалница којашто беше домаќин во Кочани. Штипјани, кои со полуфиналето го повторија најголемиот успех во купот досега, поведоа со голот на Нацев во 63-та, десет минути подоцна победникот на последните два купа израмни со погодокот од пенал на Алтипармаковски.

Шкендија, пак, е многу блиску до своето трето финале, откако во Турново славеше со 2:0 со головите на Ибраими во 11-та и на Радевски во 51-та минута.

Реваншите ќе се одиграа на 13 април, финалето на 26 мај.