Фудбал

100 дена до ЕП во Франција

02.03.2016 19:54

Првпат во историјата ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу нив и пет дебитанти. Ќе бидат поделени во шест групи, по две селекциии од секоја и четири - третопласирани со најдобар биланс, ќе влезат во осминафиналето.

100 дена до почетокот на 15-то Европско првенство во фудбал, УЕФА можеби е во криза, нема претседател, Платини е суспендиран, ниту генерален секретар, Инфантино сега е прв човек на ФИФА, но најважната споредна работа на светот од 10 јуни до 10 јули ќе го тресе стариот континент.

Првпат во историјата ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу нив и пет дебитанти. Ќе бидат поделени во шест групи, по две селекциии од секоја и четири - третопласирани со најдобар биланс, ќе влезат во осминафиналето. Вклучувајќи го и првиот шампионат или Купот на Нациите во 1960-та, како и првенството во 1984-та, Франција третпат ќе биде организатор, овојпат со девет града и 10 стадиони. Како домаќини, триколорите ќе го отворат првенство на „Стад Д Франс“ со дуелот против Романија.

Од досегашните европски прваци, не се квалификуваа Данска и Холандија, титулата, односно последните две по ред ќе ги брани Шпанија.

Терористичките напади на Париз ќе го придонесат, ова да биде најчуваното континентално превнство, планирано е на секој меч да има по 900 лица задолжени за безбедноста или вкупно 10 илјади.

Ексклузивно преносите од сите натпревари или 51, ќе бидат емитувани на Македонската телевизија.