Ракомет

Черноиваненко си заминува од Вардар

02.03.2016 19:57

Претходно, Вардар потпиша договори со двете леви крила, Словенката Тамара Мавсар од Крим и Норвежанката, Камила Херен која настапува за Холстебро, како и со десниот дек на француска Ница, Александра Лакабер.

Вардар допрва го очекуваат искушенијата во женската ракометна Лига на шампионите, но оддамна  е јасно дека тимот следната сезона нема да биде ист. Десното крило Олга Черноиваненко ќе и се придружи на колешката од спротивната страна, Французинката Сибара Дембеле и ќе замине во руски Ростов Дон.

Претходно, Вардар потпиша договори со двете леви крила, Словенката Тамара Мавсар од Крим и Норвежанката, Камила Херен која настапува за Холстебро, како и со десниот дек на француска Ница, Александра Лакабер.

Црвено - црните го обновија договорот со словенечката репрезентативка Барбара Лазовиќ, а се очекува на нова верност да се обврзе и Србинката, Андреа Лекиќ.

Ракометарките на Врадр во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе играат против ларвик, прво во Скопје на 2 или на 3 април, а седум дена подоцна во Норвешка.