Извонредниот Квинт Настапува со Македонската филхармонија

23.01.2014 18:07

На 23 јануари 2013 година, со почеток во 20:00 часот, во Салонот на МОБ, Македонската филхармонија ќе се претстави со концертот симболично насловен СИМФОНИСКИ МЕТАМОРФОЗИ.

Ова уникатно музичко доживување на сцената ќе ги претстави: еден од најталентираните млади диригенти на денешницата, Владимир Куленовиќ (Србија/САД), а во улогата на солист ќе се појави извонредниот виолинистот Филип Квинт (САД).

На 23 јануари 2013 година, со почеток во 20:00 часот, во Салонот на МОБ, Македонската филхармонија ќе се претстави со концертот симболично насловен СИМФОНИСКИ МЕТАМОРФОЗИ.

Ова уникатно музичко доживување на сцената ќе ги претстави: еден од најталентираните млади диригенти на денешницата, Владимир Куленовиќ (Србија/САД), а во улогата на солист ќе се појави извонредниот виолинистот Филип Квинт (САД).

Енергичниот Куленовиќ, кој живее и работи во САД, дебитираше со Македонската филхармонија изминатата година, кој концерт беше високо оценет од публиката и критиката.

Американскиот виолинист со руско потекло, Филип Квинт, кој исто така е и талентиран актер, ќе го отсвири драматичниот Концерт за виолина и оркестар бр. 3 од Камиј Сен-Санс. Музичката критика за Квинт вели: „ Квинт свири со леснотија, блескав тон и брилијантна техника“. Филип Квинт свири на фантастичната виолина „Рубин“ изработена од Антонио Страдивари и на која до сега свиреле извонредни уметници како: Лејла Јосефович и Вадим Репин.

Оркестарот ќе се претстави со Свитата бр.1 од операта „Кармен“ на Жорж Бизе, „Апотеоза“ од македонскиот композитор Михајло Николовски, како и едно од најлегендарните симфониски дела на 20-от век, „Симфониски метаморфози“ од Пол Хиндемит. Ова симфониско дело, првенствено скицирано како балетска музика, се заснова на теми од делата на Карл Марија фон Вебер, вешто оркестрирани во атрактивна симфониска музика.

 

Опишуван од медиумите како „восхитувачки талент и потенцијал“, Владимир Куленовиќ продолжува да остава печат како млад диригент во подем. Како постојан диригент на Симфонискиот оркестар на Јута и Операта на Јута, Владимир Куленовиќ диригира преку 100 претстави годишно, а исто така одржува густ меѓународен распоред на концерти, работејќи со солисти како Леон Флајшер и Миша Мајски. 

Оваа сезона во Европа, Куленовиќ се враќа да диригира со Белградската филхармонија, да дебитира со Словенечката филхармонија и Загребската филхармонија во 2013. Во изминатиот период Куленовиќ работи со оркестарот „Бетовен“ од Бон, оркестарот на Националниот уметнички центар на Отава, Оркестарот на Школата за музика „Џулијард“, орекстарот на фестивалот „Вербие“ итн. 

Владимир е поканет да ја продолжи соработката со Курт Мазур и Оркестарот на Лајпциг, како дел од проектот Менделсон-Бартолди 2012. Владимир соработува со маестро Мазур од 2008 година, за време на мајсторски курсеви во Њујорк и Бон, и фестивалот „Вербие“, каде неговите настапи со фестивалскиот оркестар се меѓународно пренесувани преку Медичи ТВ. Добитник на стипендијата „Бруно Валтер“ и наградата за диригирање „Чарлс Шиф“, Владимир ги завршува пост-дипломските студии на школата „Џулијард“, под менторство на Џејмс Депрајст. Пред пост-дипломските студии на Џулијард, Владимир работи како диригент за Симфонискиот оркестар на Балтимор, асистент-диригент за Операта на Балтимор и Оркестарот на Пибоди Институтот, каде ја стекнува својата диплома за диригирање во класата на Густав Мајер. 

Владимир Куленовиќ е добитник на престижната награда „Алфред Б. Витни“ за најдобро сколастичко достигнување на Бостонскиот конзерваториум каде дипломира со највисока оцена и најдобар студент, здобивајќи се со дипломи за диригирање и пијано.

Виолинистот Филип Квинт е многустран уметник чии интереси му носат неколку Греми номинации, настапи со истакнати оркестри низ целиот свет во сали како „Гевандхаус“ во Лајпциг и „Карнеги Хол“ во Њујорк, главна улога во интернационалниот филмски хит „Downtown Expess", како и истражување на танго музиката со неговиот квинтет.

Оваа сезона, Квинт настапува со Лондонската филхармонија под водство на Дамијан Иорио, Симфонискиот оркестар на Феникс и Грегори Вајда, Симфонискиот оркестар на Сан Антонио и Кристијан Мачелару, Филхармонијата на Рочестер и Фабиен Габел и многу други.

Во изминатиот период Филип Квинт настапува со оркестрите на Чикаго, Детроит, Индианаполис, Хјустон, Вајмар, Ливерпул, Кејптаун, Младинскиот оркестар на Пласидо Доминго, оркестарот „Орфеј“, а под водство на истакнатите диригенти: Марин Алсоп, Курт Мазур, Марко Паризото, Мартин Пантелеев, Карлос Мигел Прието, Макјл Стерн и многу други.

Квинт настапува на фестивали како „Претежно Моцарт“ во Њујорк,  фестивалите во Карамур, Равинија, Аспен, фестивалот за камерна музика во Рим, летниот фестивал „Ла Џола“, фестивалот на Националната галерија во Вашингтон и др.

Во 2009 година, Квинт го основа квинтетот„Квинт“-состав посветен на истражување на музиката на Астор Пиацола и аргентинското танго.

Филип Квинт свири на виолината „Рубин“ изработена од Антонио Страдивари во 1708, на која претходно свиреле истакнати виолинисти како Лејла Јосефович и Вадим Репин.

Филип Квинт го започнува своето образование во Москва, со истакнатиот виолинист Андреј Корсаковс, а дебитира со оркестар на деветгодишна возраст со Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Х. Виењавски. По емиграцијата во САД дипломира и магистрира на истакнатата школа „Џулијард“, каде учи со реномираните Дороти Дилеј, Чо-Лианг Лин, Масао Кавасаки и Феликс Галимир. Уметнички се надградува на мајсторски курсеви водени од Штерн, Перлман и Штајнхард.