Вардар посакува победа против Монпелје

03.03.2016 13:50

„Ние сме во добар ритам, сакаме со победа да дојдеме до третото место, а за тоа треба и Барселона да го победи Рајн Некар. Играме пред наша публика и очекуваме голема поддршка од верните навивачи“ – изјави Раул Гонзалес.

Последниот натпревар за Вардар во групната шампионска фаза навидум лесен, но исполнет со неизвесности. Иако двата тима се сигурни 1 /8 финалисти, со победа Вардар ќе биде трет или најмалку четврти, а со пораз може да се најде и на 5 место. Затоа опуштање нема, во мечот со Монпеље тренерот Раул Гонзалес бара максимален приод и победа, во која значаен удел треба да имаат и верните навивачи.

„Ние сме во добар ритам, сакаме со победа да дојдеме до третото место, а за тоа треба и Барселона да го победи Рајн Некар. Играме пред наша публика и очекуваме голема поддршка од верните навивачи“ – изјави Раул Гонзалес.

Вардар славеше на гостувањето во Монпелје уште во 1 коло и сака да го заокружи настапот во групата со нов успех. И Французите се сигурни во нокаут рундата но психолошки растоварени ќе бидат опасен ривал.

„Тие доаѓаат растоварени и ќе се обидат да направат изненадување, но ние нема да им го дозволиме тоа. Секако дека заслужуваат респект, но ние сакаме да ја продолжиме победоносната серија“ – изјави капитенот на Вардар, Филип Лазаров.

Натпреварот Вардар Монпеље се игра задутре во салата Јане Сандански од 17:30 со пренос на МРТ1.