Најнова ранг листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138-то место

03.03.2016 16:58

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138-то место на најновото рангирање на ФИФА, во делот од табелата во којшто се Филипини, Судан, Куба, Хонг Конг, Јужен Судан.

Во фудбалот веќе немаме ниту повремени резултатски блесоци. Без оглед што многумина со право ја критикуваат методологијата на ФИФА за одредувањето на ранг листата, сепак таа постои и е показател. За нас се понепријатен.

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138-то место на најновото рангирање на ФИФА, во делот од табелата во којшто се Филипини, Судан, Куба, Хонг Конг, Јужен Судан. Иако во ова друштво можеби сме нереално, сепак не треба да заборавиме дека во квалификациите за Европското првенство во Франција го освоивме последното место, во 2015-та победивме само еднаш и тоа во пријателски натпревар, а постигнавме гол на три од вкупно девет средби. Овие бројки се поилустративни и позагрижувачки од фактот дека сме 138-ми во светот на фудбалот. За да ја поправиме позицијата на ФИФА листата потребни ни се добри резултати во мартовските контоли со Словенија во Копер на 24-ти и со Бугарија во Скопје на 29-ти.

Од нашите противници во мундијалските квалификации, највисоко котира Шпанија, која е трета. Италија е 14-та, Албанија 35-та, а Израел 67-ми. Зад нас е само Лихтенштајн на 163-тото место. Водечките десет репрезентации ги задржаа позициите, а во првата петка се Белгија, Аргентина, Шпанија, Германија и Чиле. Следуваат Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.