НБА

Голден Стејт и Кари продолжуваат со рекорди

04.03.2016 20:13

Стеф Кари постигна 33 поени, постигна 5 тројки за разлика од гостувањето кај истиот ривал пред пет дена кога го израмни НБА рекордот со 12 тројки на еден натпревар. Томпсон додаде 21 а Грин и Барнс по 14 поени...

Шампионот славеше со 121:106 а во враќањето по повредата на скочниот зглоб Стеф Кари постигна 33 поени, постигна 5 тројки за разлика од гостувањето кај истиот ривал пред пет дена кога го израмни НБА рекордот со 12 тројки на еден натпревар. Томпсон додаде 21 а Грин и Барнс по 14 поени.

Тоа беше 44 домашна победа во серија на “воините“ кои го израмнија рекордот на славната генерација на Чикаго Булс од 1995 -96 година. Кај гостите Кевин Дурант беше одличен со 32 поени 10 скокови и 9 асистенции, Вестбрук даде 22 а Ибака 20 поени но и тоа не беше доволно да го избегнат високиот пораз. Во второто дерби Сан Антонио се радуваше во Њу Орлеанс 94 :86 предводен од “Ол стар“ играчите, се подобриот Каваи Ленард со 30 поени и 11 скокови и Ламаркус Олдриџ со 26 поени и 8 скокови. Кај домашните Ерик Гордон постигна 23 поени а Антонио Дејвис заврши само со 17 поени, иако имаше и 13 скокови.

Мајами игра се подобро а тоа го почувствува и Феникс, кој загуби со 108 : 92. Бековите беа во елемент кај победникот, Двејн Вејд постигна 27 поени а Горан Драгиќ 25 додека кај “сонцата“ Букер со 34 беше најефикасен на мечот. И Сакраменто ја подигна формата што резултира со успех на жешкото гостување во Далас 104 :101. Демаркус Казинс постигна 22 поени и 13 скокови, а Раџон Рондо 18 поени и 12 асистенции.

Во НБА Голден Стејт е најдобар со 55 победи и 5 порази пред Сан Антонио со 52 -9. На истокот Кливленд води со ефект од 42 -17 со две победи повеќе во однос на Торонто.