Шифрин доминираше во женскиот слалом во Јасна

06.03.2016 21:23

Шифрин ја оствари својата 17 победа во кариерата, а четврта сезонава...

На женскиот слалом во Словачкиот ски центар Јасна, доминација на американката Михаела Шифрин која ја оствари својата 17 победа во кариерата, а четврта сезонава. Најмладата олимписка шампионка во историјата која на 13 март ќе наполни 21 година ја остави зад себе за 2 секунди и 36 стотинки Швајцарката Венди Холденер, а трета беше домашната препставничка Вероника Жужелова со 2 секунди и 77 стотинки задоцнување.

Во поредокот во слалом води Швеѓанката Фрида Хансдотир со 807 поени, 261 повеќе од Жужелова а во генерален пласман Американката Линдзи Вон иако ја заврши сезоната поради повреда сеуште води со 1235 бода или само 27 повеќе од Швајцарката Лара Гут.