Леброн го мина Тим, Сан Антонио со 53 сезонска победа

06.03.2016 21:27

Со 28 поени главната ѕвезда кај лидерот на Истокот го мина на 14 место на листата на стрелците сеуште активниот Данкан, најдобриот крилен центар во НБА историјата...

Уште една вечер за незаборав на Леброн Џејмс, кој го предводеше Кливленд до победа над Бостон од 120 :103 иако гостите водеа со 18 разлика во првиот период. Со 28 поени главната ѕвезда кај лидерот на Истокот го мина на 14 место на листата на стрелците сеуште активниот Данкан, најдобриот крилен центар во НБА историјата. Сега Леброн има 26,378 поени или 12 повеќе од Тим, кој не влезе во игра во мечот со Сакраменто во победата 104 :94. Затоа пак на ниво беше Каваи Ленард со уште една импресивна партија во која постигна 25 поени, 13 скокови и 6 асистенции, додека кај гостите Демаркус Казинс заврши со 31 поен. Одличен меч одигра Чикаго против Хјустон во победата 108 :100 во која најзаслужен беше Пау Гасол со 28 поени 17 скока и 6 асистеции, а Џими Батлер постигна 24 поени 11 скокови. На спротивната страна осамен беше Џејмс ХАрден со 36 поени и 8 асистенции. Во некогашното дерби Њујорк славеше над Детроит со 102 :89 предводен од Кармело Ентони со 24 поени 10 скокови, кој имаше голема помош со Робин Лопез со 21 и Арон Афало со 20 поени. Кај гостите Андре Драмонд имаше 21 поен и 16 скокови. Минесота игра се подобро, а тоа го почувствува Бруклин кој загуби со 132 :118 во меч во кој Таунс постигна 28, Левин 26 а Вигинс 21 поен, додека Рубио одигра “олраунд“ партија со 16 поени 10 асистенции и 7 скокови.

Во најнеизвесниот меч Индијана се радуваше во Вашингтон со 100 :99 благодарение на 38 поени на Пол Џорџ, Јута беше убедлива во Њу Орлеанс со 106 :94 предводена од тандемот Фејворс и Хeјвард со 28 односно со 24 поени, а на гости славеше уште Атланта и тоа неочекувано лесно во ЛА против Клиперс 107 :97. Милсап најдобар со 20 поени и 17 скокови, а Тиг најефикасен со 22 поени на мечот.