Почина пронаоѓачот на електронската пошта

07.03.2016 11:00

Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа.

Реј Томлисон, американски програмер заслужен за постоење на електронската комуникација, почина на 74-годишна возраст.

Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа.

Томлисон го испрати првиот и-мејл додека во Бостон работел како инженер во истражувачка компанија.