Чај за здраво срце

07.03.2016 11:12

Научниците од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор додаваат дека лицата кои секојдевно пијат барем еден филџан чај имаат и помал ризик за потенцијално опасен талог на калциум во ѕидовите на крвните садови во близина на срцето.

Лицата кои редовно пијат чај имаат 35 отсто помал ризик за срцев удар, покажува една студија спроведена во САД.

Научниците од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор додаваат дека лицата кои секојдевно пијат барем еден филџан чај имаат и помал ризик за потенцијално опасен талог на калциум во ѕидовите на крвните садови во близина на срцето.

Овие наслаги во поранешните истражувања се поврзувани со поголем ризик за срцеви заболувања и за мозочен удар.

Во истражувањето се користени податоци собрани на повеќе од шест илјади лица следени 11 години.

Поголемиот број учесници на истражувањето редовно пиеле црн или зелен чај. Според научниците, добиените наоди можно е да се објаснат со ефект на на антиоксидансите флавоноиди во чајот.