Џорџ Клуни планира да се откаже од актерство пред да остари

07.03.2016 15:27

Кога старееш пред камерите, кога тогаш доаѓа момент кога стануваш свесен дека на тоа место не може да останеш цел живот, откри Џорџ за Би-Би-Си.

Познатиот актер Џорџ Клуни дефинитивно не се согласува дека е како вино - „што постар, тоа подобар“, па најави дека нема планови да „старее пред камерите“ и да глуми „по стари денови“.
 
Кога старееш пред камерите, кога тогаш доаѓа момент кога стануваш свесен дека на тоа место не може да останеш цел живот, откри Џорџ за Би-Би-Си.
 
Наместо тоа, сонот на Клуни е да престане да глуми и да продолжи „да старее позади камерите“ и тоа во улога на режисер. - Многу позабавно и покреативно е да се биде режисер. Мислам дека никој не сака да види нечија вистинска возраст, се пошегува тој.
 
Знаете, камерата е многу немилосрдна работа и така стареењето станува нешто што се обидувате да го практицирате се помалку и помалку на платното. Се обидуваш да избереш филмови кои најмногу ти оговараат, но такви филмови има се помалку и помалкку, заклучи Џорџ.
 
Сепак, според Би-Би-Си, пред да „замине во пензија“ Клуни веројатно ќе сними уште неколку филмови, а потоа во целост ќе се посвети на семејниот живот со неговата убава сопруга Амал, со кој се вечна во септември 2014 година.