Кошарка - НБА

Ново шоу на Вориорс и на неверојатниот Кари

08.03.2016 13:33

Сан Антонио има втор биланс, но по осум триумфи загуби кај Индијана со 99:91. Монта Елис реализираше 26 поени, Пол Џорџ 23 меѓу коишто и клучната тројка на 15 секунди до крајот.

Нов незаборавен меч на Стефон Кари за негов и рекорд на Голден Стејт. Шампионот го совлада Орландо со 119:113, ја оствари 45 победа по ред на домашен паркет и го надмина постигнувањето на Чикаго од пред 20 сезони. Следна цел на Вориорс е досега недостижниот ефект на Булс од 72 триумфа и 10 порази. На дваесет меча до крајот на лигашкиот дел на НБА сезоната, Голден Стејт има 56:6. Кари постигна 41 поен, седум тројки или рекордна 301 во сезоната.

Сан Антонио има втор биланс, но по осум триумфи загуби кај Индијана со 99:91. Монта Елис реализираше 26 поени, Пол Џорџ 23 меѓу коишто и клучната тројка на 15 секунди до крајот.

Неочекуван е и поразот дома, на вкупно третопласираната екипа, Кливленд. Иако без четворица стартери и со само осум кошаркари во составот Мемфис беше подобар со 106:103. Тони Ален постигна 26, ветеранот Винс Картер коша 15 вклучувајќи ги и четирите слободни фрлања во завршните 13 секунди.

Во другите натпревари: Чикаго - Милвоки 100:90, Далас - Клиперс 90:109, Шарлот - Минесота 108:103 и Њу Орлеанс - Сакраменто 115:112.