Нокаут меч во Лига Европа за Ливерпул и Манчестер Јунајтед

10.03.2016 17:10

Можеби до пред некоја сезона за Ливерпул и Манчестер Јунајтед ова ќе беше небитна фаза во годината, но во ситуација кога и двата тима се далеку од посакуваните позиции во домашното првенство, УЕФА Европа Лигата им е шанса за спас на сезоната.

Oсминафиналето во фудбалската Лига Европа како никогаш порано нуди спектакуларна пресметка меѓу најуспешните англиски клубови во историјата. Можеби до пред некоја сезона за Ливерпул и Манчестер Јунајтед ова ќе беше небитна фаза во годината, но во ситуација кога и двата тима се далеку од посакуваните позиции во домашното првенство, УЕФА Европа Лигата им е шанса за спас на сезоната. И додека Ливерпул дотука стигна непоразен во групната фаза и нокаут мечевите со Аугзбург, Манчестер беше трансфериран од Л Ш по што го елиминира Митјиланд во 16/финалето. Иако имаат меѓусебе дури 194 соочувања, вечерашниот меч на гигантите на меѓународниот фудбал ќе им биде прв во еден од европските купови. Интересно, тоа е прв меч во Еврокуповите во кој партиципираат два англиски клуба, уште од далечната 1973 година кога токму Ливерпул играше со Тотенхем во тогашниот куп УЕФА. Оттогаш “црвените“ освоија 3 титули во ова натпреварување а последниот 2001 година, со кои се меѓу најуспешните во историјата. Под друга страна за Манчестер најголемо достигнување во оваа конкуренција е 1 /4финалето. Формата на двата тима е променлива, иако Ливерпул успеа да врзе две победи по поразот во финалето од Лига купот од Манчестер Сити. Јунајтед пак загуби во текот на викендот од ВБА, па на Премиригашката  табела е на 6 место, едно пред Ливерпул.

Во меѓусебните дуели во историјата Манчестер има 78 победи, Ливерпул 62, но гостите имааѕ едноподруго 4 победи во последните 2 сезони под воство на Луј Ван Гал, која Ливерпул ќе се обиде да ја прекине. Холанѓанецот кусо изјави “одиме да победиме без разлика што е ова посебно натпреварување. Не само што е ова најголемо ривалство во Англија, туку се работи за тоа кој ќе продолжи да брка место во Лигата на шампионите“. Јирген Клоп возврати дека “ова е досега неговиот најважен натпревар откако е во клубот и дека единствено нешто што не сакам е да го видам Ван Гал радосен на крајот“. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи, па Ливерпул ќе биде без Гомез, Ингс, Лукас и Роситер, а од првотимците неизвесни се Кутињо и Милнер. Кај гостите отсутни се Руни, Јанг, Кин, Шо и Џонс, но се очекува враќање на Валенсија и на Швајнштајгер. Првата од двете пресметки за место во Четвртфиналето, Ливерпул против Манчестер Јунајтед на легендарниот “Енфилд“ со пренос на МРТ1 од 21 часот.