Кошарка - НБА

Расел Вестбрук како Меџик Џонсон

10.03.2016 19:17

Кошаркарот на Оклахома беше најразноврсен во победата против Клиперс од 120:108. Постигна 25 поени, реализираше рекордни за него 20 асистенции, како и 11 скока што е прв „трипл - дабл“ со вакви големи бројки по оној на легендарниот Меџик Џонсон пред 28 години...

И кога не игра на највисоко ниво, Стефaн Кари задолжително прави нешто незаборавно, но ѕвезда на НБА вечера беше неверојатниот Расел Вестбрук.

Кошаркарот на Оклахома беше најразноврсен во победата против Клиперс од 120:108. Постигна 25 поени, реализираше рекордни за него 20 асистенции, како и 11 скока што е прв „трипл - дабл“ со вакви големи бројки по оној на легендарниот Меџик Џонсон пред 28 години. За плајмејкерот на Тандерс ова беше 30-ти троен ефект со двоцифрени статистики во кариерата, 11-ти сезонава, втор по ред и трет во последните пет натпревари. Во негова сенка остана и Кевин Дурент иако беше поефикасен со 30 коша.

Голден Стејт го продолжи победоносниот рекорд на 46 домашни натпревари откако славеше против Јута со 115:94. Клеј Томсон постигна 23 поени, Кари само 12, но меѓу нив и чудесната тројка од половината на шампионот во последната секунда од првото полувреме.

Најдобрата екипа на истокот, Кливленд триумфираше кај Сакраменто со 120:111 благодарение на двоцифрениот ефект ни сите кошаркари од стартната петорка. Кајли Ирвинг реализираше 30, Леброн Џејмс 25, Тристан Томсон 18, Кевин Лов 17 поени вклучувајќи ја и 700-та тројка во кариерата во решавачките моменти,  како и Џеј - Ар Смит кој собра 15 коша.

Во другите натпревари: четиринаесета победа во низа на домашен паркет на Бостон и тоа против Мемфис со 116:96, потоа  Шарлот - Њу Орлеанс 122:113, Филаделфија - Хјустон 104:118, Милвоки - Мајами 114:108, Далас - Детроит 96:102 и Феникс - Њујорк 97:128.