НБА

Леброн и Кливленд надмоќно против ЛА Клиперс, гостите славеа во 4 од 5 дуели

14.03.2016 12:43

Леброн Џејмс за 31 минута постигна 27 поени 6 скокови и 5 асистенции, а Ирвинг и Смит додадоа по 17 поени кај лидерот на Источната конференција, кој по 7 пат славеше на последните 9 гостувања кај Клиперс. Кај домашните единствена светла точка бееш Крис Пол со 17 поени и 10 асистенции.

Екипата на Кливленд славеше на гостувањето во ЛА против Клиперс со 114 :90. Домашните одлично стартуваа и поведоа со 17 :7 но со серија од 30:6 гостите возвратија и доминираа до крајот на мечот. Го натскокаа противникот со 49:34, а особено расположени беа од шут за 3 поени каде што постигнаа 18 тројки или 8 повеќе со процент на реализација од нешто под 50%. Леброн Џејмс за 31 минута постигна 27 поени 6 скокови и 5 асистенции, а Ирвинг и Смит додадоа по 17 поени кај лидерот на Источната конференција, кој по 7 пат славеше на последните 9 гостувања кај Клиперс. Кај домашните единствена светла точка бееш Крис Пол со 17 поени и 10 асистенции. И Њујорк се радуваше во ЛА, во мечот против Лејкерс со 90 :87 предводен од Кармело Ентони со 26 поени и 12 скокови, а кај домашните Коби Брајант заврши со 14 поени. Дебаклот на клубовите од Калифорнија го заокружи Сакраменто, кој исто така на свој паркет загуби од Јута со 108 :99. Фејворс со 28  поени и 14 скокови Хејворт и со 27 поени беа најдобри кај “џезерите“ кои се приближуваат до “плеј оф“ зоната, а Демаркус Казинс со 31 поен и 10 скока не успеа да го спаси домаќинот од пораз.

На спротивниот брег Милвоки оствари гостинска победа над Бруклин со 109 :100 благодарение на Јанис Адетокумбо со 28 поени, 11 скокови и 14 асистенции и 4 украдени топки. Одличен беше и Паркер со 23 поени, а кај Бруклин Лопез најефикасен со 20 поени. Во чисто источната пресметка екипата на Атланта ја спаси честа на домашните екипи со високата победа над Индијана со 104 :75. Милсап и Хорфорд со по 18 поени ја предводеа Атланта која уште еднаш ја красеше колективната игра, а само двајца гости беа двоцифрени, Тарнер со 19 поени најдобар во поразот, додека потфрли главната ѕвезда  Џорџ со 7 поени и со само 3 погодени од 15 обиди од игра. На врвот на НБА и натаму импресивниот Голден Стејт со 59 победи 6 порази, а на истокот Кливленд со ефект 47-18.