Ракомет - репрезентација на Македонија (м)

Квалитетот останува, конкуренцијата се заострува

14.03.2016 16:30

Од првиот и поширок список од 28, отпаднаа осум ракометари, Даскаловски, Пецаковски, Куковски, Димитриевски, Крстевски, Маџовски, Велковски и Горан Кузмановски.

Македонската ракометна репрезентација ја очекува историска пролет, квалификациите за Олимписките игри и мундијалскиот бараж.. Секој квалитетен ракометар е добредојден, но селекторот Ивица Обрван сепак мораше да ја намали конкуренцијата.

Од првиот и поширок список од 28, отпаднаа осум ракометари, Даскаловски, Пецаковски, Куковски, Димитриевски, Крстевски, Маџовски, Велковски и Горан Кузмановски.

Преостанатите ракометари подготовките за квалификациите во полски Гдањск од 8-ми до 10-и април ќе ги почнат на првиот ден од следниот месец. За голманската позиција  ќе конкурираат Ристовски, Митревски и Дупјачанец, за крилните, Манасков, Ѓеорѓиевски Ојлески и Костески. Тројца пивотмени се во игра, Стоилов, Пешевски и Никола Марковски, додека најбројна, вклучувајќи ги и специјалистите за одбрана е надворешната линија, Кире Лазаров, Миркуловски, Мојсовски, Прибак, Филип Кузмановски, Митков, Талевски, Велко Марковски, Јоновски, како и Филип Лазаров кој ќе добие шанса доколку се рахабилитира по скршеницата на палецот на десната рака.

Полска, Тунис, па Чиле се противниците преку кои нашата машка репрезентација ќе се обиде да обезеди барем второ место на турниот и историски настап на Олимпијадата во Рио. Македонската телевизија ексклузивно ќе ги пренесува натпреварите од Гдањск.

За пролетта да биде за паметење ќе треба да придонесе и плеј - офот за Светското првенство 2017 со Чешка, против којашто Македонија оствари победа дома и реми на гости во елиминациската група за континенталниот шампионат во Полска.

Чесите и овојпат ќе бидат ослабени затоашто најдобриот ракометар Филип Јиха од Барселона објави дека нема да игра за репрезентацијата затоашто не се чувствува подготвен на највисоко ниво и нема да биде во идеална форма.