Фудбал - Лига на шампиони (осминафинале)

Домашните екипи со предност во реваншите

14.03.2016 16:31

Финалистот од пред две години, Атлетико Мадрид од Ајндховен донесе 0:0, а на последите 16 натпревари во Лигата на шампионите на 12 не прими гол, на Висенте Калдерон на 11 од13 дуели. Иако на ПСВ утре на Висенте Калдерон му одговара и нерешено со голови, Холанѓаните на 12-те гостувања во Шпанија немаат победа, само четири реми и осум порази.

Пари Сен Жермен, Реал, бенфика и Волфсбург, во четвртфиналето на  фудбалската Лига на шампионите се пласираа со по две победи. Во втората половина осминафинални - реванши, поголеми шанси за комплетирање на елитната осумка имаат домашните екипи.

Финалистот од пред две години, Атлетико Мадрид од Ајндховен донесе 0:0, а на последите 16 натпревари во Лигата на шампионите на 12 не прими гол, на Висенте Калдерон на 11 од13 дуели. Иако на ПСВ утре на Висенте Калдерон му одговара и нерешено со голови, Холанѓаните на 12-те  гостувања во Шпанија немаат победа, само четири реми и осум порази.

Во претходните две сезони Манчестер Сити беше елиминиран од Барселона во соминафиналето, но овојпат во Киев со 3:1 го совлада Динамо којшто нема триумф на 13-те гостувања во Англија.

В среда, Баерн по торинските 2:2 е во позиција вторпат да го елиминира Јувентус во елитното осминафинале. Преносот од Минхен ќе биде на МРТ1 во 20.45. Барселона, пак, во обидот да биде првата екипа којашто го одбранила трофејот во Лигата на шамшионите, ќе старува со лондонските 2:0 против Арсенал којшто во псоледните пет сезони петпати по ја испаѓаше во оваа фаза, двапати токму од европскиот првак.