Како се праќала електронска пошта во 1984 година

16.03.2016 13:49

Британскиот медиум додава дека постапката за праќање на обичен и-мејл во 80-те години од минатиот век денес изгледа како сцена од ноќен кошмар.

Денес се доволни само неколку секунди за да се прати електронска пошта преку компјутер или паметен телефон. 
 
Сепак, пред неколку децении, односно во 1984 година, тоа беше многу долг и комплициран процес, оценува лондонската телвизија „Темза“.
 
Британскиот медиум додава дека постапката за праќање на обичен и-мејл во 80-те години од минатиот век денес изгледа како сцена од ноќен кошмар.
 
Постапката за праќање на електорнска пошта тогаш вклучуваше преспојување на многу кабли, користење на телефон со ротирачки бирач и уште некои многу комплицирани работи.
 
На самиот почеток, компјутерот мораше да биде поврзан со модем, а потоа и со Престел мрежа за повик ореку телефон. По сите тие чекори, корисникот мораше да се договара на сервисот „Micronet 800‟ кога може да пушти обилен и-мејл.