Новиот „Индијана Џонс“ пристигнува во 2019 година

16.03.2016 13:52

Индијана Џонс е еден од најголемите јунаци во кинематографијата и со нетрпение чекаме повторно да го видиме на големото платно, изјави претседателот на „Дизни“, Алан Хорн.

Актерот, Харисон Форд и режисерот Стивен Спилберг се подготвуваат за петтиот дел на акциско-авантуристичкиот филм „Индијана Џонс“, кој публиката ќе може да го види во јули 2019 година, соопшти компанијата „Волт Дизни“.

Индијана Џонс е еден од најголемите јунаци во кинематографијата и со нетрпение чекаме повторно да го видиме на големото платно, изјави претседателот на „Дизни“, Алан Хорн.

Новиот филм, кој се уште нема наслов, ќе се снима 11 години по последниот дел „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“. Тоа ќе биде првиот за авантурите на археологот Џонсон што ќе го снима компанијата „Дизни“, која во 2013 година ги откупи правата за дистрибуцијата на франшизата од „Парамаунт Пикчрс“.

Франшизата „Индијана Џонс“, кој ја создаде Џорџ Лукас, со четирите досегашни филма заработи речиси две милијарди долари.

Најавата за новиот филм стана една од главните теми на социјалните мрежи, со исмејување поради годините на Форд и предлози за наслов за продолжението од типот „Индијана Џонс и Алцхајмер“.