Одбојка

Струмичани го потврдија шампионското реноме

16.03.2016 17:11

До почетокот на разигрувањето за титулата има уште три рунди, но со оглед на квалитетот на екипите, со денешниот триумф, струмичани ја обезбедија почетната позиција

Во дербито од нашето одбојкарско првенство, Струмица ја совлада Шутова со 3-0, по сетови 25-20, 25-19 и 25-13. Актуелниот првак има 11 победи и еден пораз и ја презеде водечката позиција на табелата по 12-тото коло. Билансот на Шутова е 10-2.

До почетокот на разигрувањето за титулата има уште три рунди, но со оглед на квалитетот на екипите, со денешниот триумф, струмичани ја обезбедија почетната позиција во елиминацискиот сегмент и предноста на домашен терен во евентуалното, а веројатно финале со тимот на Шутова.