Фудбал - репрезентација на Македонија

Пандев предводник во дуелите со Словенија и Бугарија

17.03.2016 19:34

„Немам намера да го проширувам списокот, сакам да приклучам неколку играчи од младинската репрезентација за да се содаде селекција од 23-24 фудбалери. Тоа ќе биде конкуренцијата за квалификациите којашто ќе ја тестирам на пријателските мечеви“, изјави селекторот, Игор Ангеловски.

По две ипол годишна пауза најдобриот македонски репрезентативен голгетер Горан Пандев по 76 пат ќе биде дел од нашата најдобра фудбалска целекција. Со Пандев кој досега постигна 26 погодоци, во репрезентацијата ќе се вратат и Јаховиќ, Костовски и Богатинов. Повредите и дуелите на младата репрезентација влијаеја на македонскиот состав пред дуелите со Словенија на 23 март во Копер и со Бугарија шест дена подоцна во Скопје. Меѓу 18-те фудбалери се и Димитриевски, Жута, Шиков, Силјановски, Цикарски, Ристовски, Ристевски, Алими, Глигоров, Ибраими, Тричковски, Стјепановиќ и Трајковски.

„Немам намера да го проширувам списокот, сакам да приклучам неколку играчи од младинската репрезентација за да се содаде селекција од 23-24 фудбалери. Тоа ќе биде конкуренцијата за квалификациите којашто ќе ја тестирам на пријателските мечеви“, изјави селекторот, Игор Ангеловски.

Мечевите се пријателски, но тоа не го намалува нивниото значење.

„За мене резултатот е број еден, во преден плани, па потоа доаѓаат другите сегемнти на пријателските дуели“, прецизен беше Ангеловски околу тоа што очекува од овие два меча.

И двата противника се многу подобро рангирани, но со Словенија нашата репрезентација има максимален ефект од три победи, а со Бугарија два триумфа, едно реми и три порази.