Фудбал - Лига на шампиони (осминафинале)

Чудо во Минхен, уметност во Барселона

17.03.2016 19:36

„Со срце, а не со тактика го свртивме натпреварот. Од 0:2 да се стигне до 4:2 против италијанска екипа, тоа е чудо“, изјави Гвардиола.

70 минути Јувентус имаше и игра и контрола и 2:0 и четвртфинале на гостувањето во Минхен, но фудбалерите на Баерн се спасија, на затоа што немаше логика одлична дефанзивна екипа како старата дама да се повлече, туку затоашто беа германско упорни и среќни. „Со срце, а не со тактика го свртивме натпреварот. Од 0:2 да се стигне до 4:2 против италијанска екипа, тоа е чудо“, изјави Гвардиола.

Италијанските медиуми ги критикуваат судиите кои неправилно поништија уште еден гол на Мората, но и Алегри затоашто го замени Шпанецот. Италијанскиот стручњак се правда дека од Манџукиќ очекувал да ја задржи топката, но и тој и Буфон се горди на настапот на ослабениот Јуве, големиот голман смета дека ланскиот финалист на Алијанц покажал дека е подобар од минатата сезона без разлика на елиминацијата.

Во Барселона, пак, уживаат во неверојатната форма којашто како да нема крај. Во триумфот од 3:1 против Арсенал, Енрике е најзадоволен од тоашто волшебното трио на теренот има иста цел, дури се пошегува дека само не сака за во четвртфиналето да ја извлечат Барселона. Со 11-те гола против топчиите Меси е фудбалерот кој постигнал најмногу погодоци против некоја екипа во Лигата на шампионите. Венгер наубаво ја опиша моќта на Барса, велејќи дека Меси, Нејмар и Суарез од животот прават уметност.

Извлекување за четвртфиналните двојки е утре, нема привилигирани или ограничувања, секој може да игра против секого на 5-ти и 6-ти и на 12-ти и 13-ти април.